• Latest
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Петровска: Невистинитите информации и лажни вести никому нема да му помогнат

March 27, 2020
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Петровска: Невистинитите информации и лажни вести никому нема да му помогнат

March 27, 2020 12:08
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за внатрешни работи досега има поднесено 10 известувања до Основното јавно обвинителство за ширење на лажни вести и дезинформации во врска со Ковид-19“, вели заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Таа одговара и на прашањето како институциите се справуваат со тие што шират лажни вести на социјалните мрежи, а кои живеат или се регистрирани надвор од државата. Во однос на ширењето на лаги од политичките партии и медиуми, Петровска нагласи дека во кривичниот законик нема пропишано дело според кое ширењето на невистини би се сметало за кривично дело.

„Борбата со вирусот Ковид -19 опфаќа три сегменти, едниот е здравствен, вториот економски и третиот е безбедносниот. Безбедносниот аспект е посеопфатен бидејќи тој не опфаќа само физично обезбедување или грижа за јавниот ред и мир во државата во овие услови на вонредна состојба, туку значи и грижа за санкционирањето на манипулирањето со преставување на лажните вести во медиумите, без разлика дали се работи за телевизиите или порталите. Тоа е значаен сегмент, бидејќи во услови кога граѓаните со право се загрижени за својата здравствена состојба, меѓутоа и за развојот на оваа состојба во државата, дополнително ширење на лажни вести или кревање паника меѓу граѓаните не е добродојдена.

Министерството за внатрешни работи со инструментите кои му се на располагање во рамки на законските можности ги следи овие состојби и презема низа на мерки и активности и досега поднесовме 10 известувања до Основното јавно обвинителство за ситуации за кои сме оцениле дека лажните вести кои беа пласирани, служеле за да се зголеми тензијата, односно да се крене паника меѓу граѓаните и по наша оцена тие биле невистинити, односно биле со лажна содржина. Согласно Законот за кривична постапка, МВР е должно до ОЈО да достави известувања во кои овие ситуации ќе ги објасни и доколку постојат докази тие да ги приложи. Понатаму постапката е во ОЈО, но МВР е должно да одговори на секое нивно барање и да обезбеди дополнителни докази со цел овие постапки успешно да завршат, односно сторителите да бидат санкционирани согласно законот“, вели Петровска.

Петровска вели дека МВР презема мерки да се утврди идентитетот на оние лица кои што шират лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, па откако ќе се детектира профилот потоа постапуваат согласно законот.

„Бирото за јавна безбедност преку соодветните организациони единици го утврдува идентитетот на лицето кое стои зад профилот на социјалните мрежи и доколку се утврди дека е на територија на нашата држава тогаш постапката оди во нашите институции. Но, доколку се утврди дека не е со живеалиште во нашата територија или профилот е регистриран во странство, што често се случува, во тој случај во координација со нашето Јавно обвинителство се обраќаме до земјата во која сме детектирале дека лицето е регистрирано, односно живее. За лицата во странство ни помагаат и од меѓународната полициска соработка“, додава таа.

Околу ширењето на лаги од страна на политичките партии, особено од опозицијата, Петровска вели дека во кривичниот законик нема пропишано дело со кое ширењето на невистини би било кривично дело.

„Во овој момент не би отварале измени на законот, бидејќи ова би требало да биде дел од културата на нашето живеење и политичко дејствување и во оваа вонредна состојба останува да ги повикаме сите политички партии, меѓутоа и сите субјекти и чинители во општеството во овој период да бидат внимателни со информациите кои ги објавуваат. Подобро е информацијата да почека со објавувањето отколку во трката со ексклузивитет да се соопштуваат невистинити информации, кои освен што ќе доведат забуна кај граѓаните и дополнителна тензија, нема никому да му помогнат“, нагласи Петровска.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ