Законот за амнестија, Законот за пратеници, номинацијата на премиерите на Македонија и Грција за Нобелова награда, враќањето на работа на свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, како и промоцијата на публикацијата „Губење на идентитетот или… ?“ на ЦИВИЛ, се дел од настаните што ја одбележаа минатата недела.
Понеделнички Град Скопје излезе со информација дека сите средни училишта ќе добијат прочистувачи на воздух. Односно, 572 прочистувачи на воздух ќе бидат распоредени во 23 училишта.
Традиционално Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници се одбележа со Марш на „црвените чадори“ со пораката „Она што општеството го создава, системот има обврска да го згрижи“. Организаторот Стар – првиот колеткив на сексуални работници заедно со своите поддржувачи и активисти преку Маршот се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.
На 18 декември ќе остане забележана номинацијата за Нобелова награда за мир 2019 за премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за надминувањето на спорот со името преку постигнување на Преспанскиот договор.
Иститот ден Интерпартиското тело за помирување го усвои предлог-законот за амнестија со кој треба да бидат опфатени дел од учесниците во настаните во Собрание на 27 април.
,,Нема да бидат амнестирани лица кои биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата кои носеле оруже и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата”, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски по завршувањето на состанокот на Интерпартиското тело за помирување.
Претседателот Ѓорѓи Иванов го потпиша Законот за амнестија. Со негово објавување во Службен весник на Република Македонија, од 19 декември започна да тече рокот од пет дена за обвинетите во предметот за 27 април во Собранието од минатата година, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, ЦИВИЛ упати апел до сите граѓанки и граѓани во земјата да сслават безбезбедно. ЦИВИЛ потсети дека славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. „
„Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата. Без оглед на тоа колку мислите дека го владеете оружјето, имајте на ум дека и најголемите професионалци грешат. Еден од слоганите на ЦИВИЛ во изминатите години е: Не се одушевувајте од „експертите за оружје“ – ќе ги надживеете!“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.
Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски на 20 декември повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.
„За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Новинарите кои го следат рочиштето за предметот „27 април“ собраа 160 евра за пратеникот Љубен Арнаудов, кој во четвртокот рече дека изјавите ќе ги наплаќа по 50 евра. Сепак и покрај тоа што новинарите му ги понудија парите на пратеникот, тој не даде изјава на прашањето дали како обвинет во предметот ќе поднесе барање за амнестија.
ЦИВИЛ ја промовираше публикацијата „Губење на идентитетот или…?“. Свое обраќање на промоцијата имаше и една од авторките во публикацијата професорката д-р Мирјана Малеска. Проектот е во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Публикацијата е своевиден печат на придонесот на авторките и авторите кон разглобување на идентитетските прашања од низа различни аспекти во интерсе на јавниот дискурс.
Комисијата за избор и именување на седница што се одржа на 21 декмври во Собранието ја тргна од дневен ред точката за предлог за именување на нови членови на Државната комисја за спречување на корупција по барање на пратеничката Ивана Туфегиќ. На конкурсот за избор на ДКСК, што се распиша во октомври се пријавиле 39 кандидати.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, во пишана изјава објасни дека одлуката на Собранието да го усвои Законот за амнестија со големо мнозинство е важен чекор кон помирување на општеството и за надминување на болната поларизација.
Не остана незабележан и обидот на пратениците преку измените на Законот за пратеници да го остварат и нивното клучно барање за државно вработување по завршување на пратеничкиот мандат.
Според најавите планот е овој закон да помине заедно со пакетот од 30 закони од агендата на телото за реформи, меѓу кои е и Законот за СЈО, Законот за судски совет, Законот за кривична постапка, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за медиуми… Сите овие закони се очекува да бидат донесени до крајот на јануари.
Б. Ј.