• Latest

Поголема доверба меѓу полицијата и новинарите

April 18, 2018
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поголема доверба меѓу полицијата и новинарите

April 18, 2018 16:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје се одржа обука посветена на интегритетот на полицијата, на која освен високи полициски функционери учествуваа и претставници на Здружението на новинари и на Хелсиншки комитет.

На отворање на обуката, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека искоренување на корупцијата бара системски пристап и преку издигнување на професионалното достоинство и интегритет на полициските службеници.

На промоцијата на обуката збореше и претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, кој рече дека денешниот настан има симболично значење затоа што праќа силна порака дека полицијата сака да ја подобри нејзината работа со цел да ја зголеми довербата на јавноста.

Селмани истакна дека медиумите имаат огромно влијание во креирањето на јавното мислење за интегритетот на полицијата и затоа е потребно да се изградат искрени и професионални односи.

„Со право полицијата очекува медиумите да известуваат точно и чесно, меѓутоа и полицијата треба да биде транспарентна во нејзината работа. Кога постои отвореност и доверба, тогаш и медиумите ќе се обидат да бидат чесни и одговорни во нивното известување“, рече Селмани.

Селмани ја критикуваше политиката на неказнивост на насилството врз новинарите. „Над 50 напади на новинари се случиле во последните пет години, а ниту еден од насилниците не е изведен пред лицето на правдата“, посочи тој.

„Не може да се збори за слобода на изразување и слобода на медиумите доколку новинарите се изложени на напади, закани и притисоци, а институциите не реагираат брзо за да ги заштитат“, рече Селмани и додаде дека замолчувањето на новинарите е обид да се замолчи вистината.

Според него, за присуството на политиката на неказнивост говори и извештајот на Европската Комисија, која повикува на нулта толеранција на напади и закани на новинари.

„Нашата соработка во борба против неказнивоста е влезена во извештајот не ЕК. Тоа треба да биде дополнителна мотивација, но и обврска повеќе да работиме со цел истрагите да бидат поефикасни. Нападите нема да престанат се додека насилниците не бидат казнети“, истакна Селмани.

Според Селмани, политиката на неказнивост го нарушува и угледот на земјата во светот затоа што голем дел од предметите што Македонија ги губи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур се поради полициска бруталност.

Д.М.

Tags: довербаЗНМинтегритетМВРобукаХелсиншки Комитет
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ