Политичари марионети.
Овој вид политичари може да се појават во повеќе подвидови: пинокио, крпени кукли, сенки, плишани кукли, кукли кои се навлекуваат на рака или на прсти …
Тие се нечија продолжена рака и само навидум или многу од далеку наликуваат на самостојни индивидуи.
Тие отвораат уста како да кажуваат нешто, а всушност станува збор за илузија која ја создава тој кој зад нив навистина зборува, дигаат рака кога ќе биде повлечено јаженце, расфрлани се наоколу со цел создавање привид на плуралитет, ги шуткаат кога ќе изветват и лесно се заменливи со понови модели.
Овој вид најчесто се среќава во Собранието.
Мирјана Најчевска
– цитат од колумната „За видовите политичари во Македонија“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, јули, 2020 година.