• Latest

Политика на нулта сума

March 3, 2023

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Политика на нулта сума

March 3, 2023 10:41
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Емилија ЦЕЛАКОСКА

Евроскептиците, дури и оние со формално политичко образование, со ликувачки потсмев во алудирањето за неправда, божем реторички прашуваат „Ова ли се европските вредности?“ Би било убаво кога самите би одговориле на ова како да одговараат на нормално прашање. Не е многу веројатно дека образованите не го знаат одговорот, туку приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се поставуваат нечесно кон луѓето кои лесно се убедуваат во погрешна реалност и невистини. Вредностите се читаат од поглавјата. Поглавјето 23 на кое прво ќе мора да се работи се однесува на посебниот столб на владеење, кој треба и мора да е одвоен од извршната власт – правдата, правичното судење, независноста, непристрасноста, одговорноста, професионалноста, фундаменталните вредности. Ако некој е евроскептик и вака се преправа дека не знае за Поглавјето 23, тогаш тој сака Македонија да остане на оние 3-4% доверба во судството. Ако сегашната Влада влече кон остварување на антикорупциските инструменти дадени во ова, почетно поглавје на преговорите со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ кочи, тогаш на кочничарот му одговара корумпирана атмосфера. Но, еве, нека не е вака просто како грав. Да им ги земеме предвид пропагандните акробации.

Како одеше инсталирањето на еквивалентот на рамноземјаштво непосредно пред почетокот на преговорите со ЕУ? Прво, нечесните експерти го развија наративот за „послабиот и посилниот“ (во неколку случаи, го споменаа Мелијанскиот дијалог кој е далеку побогат од аспект токму на теорија на преговарање отколку квази-басната за правото на посилниот). Подземајќи ја емотивната реакција на луѓето, разочарувачката „поента“ вештачки ја асоцираа со изедначувањето „француски предлог“ = „бугарски барања“ или архетипски, ЕУ = Бугарија. Се разбира, ова е познатата пропагандна матеница „Вина според поврзаност“ (Guilt by association). На крај, се конструираа морални аргументи за реципроцитет, иако тоа е спротивно со почетната премиса (поттикот за емоција) – дека Македонија е послабата страна. Реципроцитетот бара еднаквост, а еднаквост нема, што и самите го констатираа. Емоцијата на инает и лутина го избледна рационалниот разум на оние кои си ја дозволуваат, без натаму да се прашаат што може да се направи за да ја зајакнеме својата позиција.

Всушност, по тоа прашање и се разликуваат играчите во секоја игра, макар тоа било и игра со карти – оние кои работат на својата предност и оние кои имаат емотивни реакции. Прво, повикување на морални аргументи и барање реципроцитет од послаб кон посилен, не е ни стратегија. Тоа е само објавување пред светот дека си плачко. Снегулче кое се топи. Самото повикување на морални аргументи е најимпотентната изјава за слабост, бидејќи вклучува горделивост, егоцентризам, барања од позиција на заслуга (entitlement), без можност за аура на маченик.

Второ, „реципроцитет“  е сликата што се добива од заостанатиот начин на сфаќање дека сѐ се прави со израмнување сметки, односно политички нулти биланс (zero-sum game): – Штом ние губиме „сѐ“ со ставањето на 3504 Бугари како дел од народ во Уставот, тогаш и Бугарите нека изгубат со ставање на македонски народ во нивниот Устав – оди „резонирањето“. Ова е како на играчот со посилни карти да му се повикувате на „фер плеј“ за да ви даде една од тие карти со кои добива. Да не бидеме смешни пред светот, навистина. Да имаш предрасуда дека сѐ е нулти биланс и така јавно да ја покажуваш, значи дека го покануваш светот да те смета за ограничен, граблив сиромав, дека тешко разбираш други идеи, егоцентричен си и немаш поим што значи да се соработува. Кој го чита последниов збор како „да си предавник“, се надевам дека сега, со ова, е на пат да подразмисли за значењето на соработливоста како стратегија за поопшт бенефит, а не личен.

И трето, малку барем да се обучиме во кооперативни стратегии – оние кои ЕУ ги застапува за сите страни, вклучувајќи се и себеси. Инаетот што се инсталира со нулто-билансно сфаќање на работите прави проблем да се сфати win-win концептот, односно кооперативното однесување, каде што работите не се такви што се зема на една страна и се дава на друга. Дури и обичното купување на пазар не е сосем нулта сума, туку има елементи на win-win: Трговецот е посреќен со парите отколку со вишокот роба, а купувачот е посреќен со робата отколку со тие неколку денари. Значи, кооперативноста не е резервирана само за послабиот. Заради предностите кои ги нуди, за кооперативни стратегии се одлучуваат и посилните, бидејќи ни најсилниот не е слободен од притисоците на реалноста. Секое дејство (или недејствување) наоѓа пат да се одмазди доколку се случило само заради моќта дадена од првичната позиција и ништо друго. Во историјата има многу примери со добро или лошо фрлен/фатен ваков бумеранг од посилната страна (на пример, ЕУ со Грекситот воспостави кооперативна стратегија со Грција иако Грција беше послабата страна). Така што, здодевните асоцијации на „свиткана кичма“ или „предавник“ за кооперативните стратегии е само уличарско предизвикување, намерно конципирано безобразно за да не се прогледа од поттикнатата лоша емоција.

Експертите за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се трудат да не биде согледано дека стратегиска предност може да има и послабиот, и тоа, преку поттикнување на емоции на протест заради послабата почетна позиција. Но, не е секогаш почетната позиција (поделените карти) најважна во играта, важна е создадената прилика на предност, тоа секому му е познато, меѓутоа сега, специјално што се варди да не се види, е дека таква стратегиска предност моментално има Македонија и покрај тоа што е послабата страна. Македонија е на потег во ситуација кога бугарското вето веќе го нема (од 24-ти јуни лани) заради големиот притисок што ЕУ го изврши врз Бугарија: бугарски корени на македонскиот јазик – не може, им рече и го призна македонскиот јазик како јазик на ЕУ и уште, го потпиша Фронтекс на македонски јазик, а и допрва ќе се потпишуваат документите на македонски јазик; дискриминација на Бугарите во Македонија – не постои, јавно им порача Советот на Европа пред еден месец, а за историографијата – ќе се средите преку стручна-научна комисија како сите други земји со недоразбирања пред вас и тоа ќе си биде одвоено од исполнувањата на критериумите од поглавјата за ЕУ.

Дури тогаш се јави страната на великобугарите во Бугарија, кога се сетија на слабата, но дозволена во светот, карта за „малцинство“. Не дека овде навистина има некое релевантно бугарско малцинство (0.2%), но како играч што прави сѐ за да не изгледа дека изгубил, ја вадат таа карта во очекување дека Македонија ќе се самоблокира за ЕУ. Великобугарите се трета страна во двете држави, кои се и против бугарската, и против македонската државна проевропска политика. Така, има два можни одговора за внатрешните причини зошто Македонија не игра како рационален, нормален играч на ваков лесен предизвик, на исчистен терен, односно зошто не ги анулира очекувањата на противничкиот играч токму со признавање на малото, нерелевантно 0.2%-но малцинство.

Едниот можен одговор може да се прочита од симптомите на великобугарство што ВМРО-ДПМНЕ ги пројавува (инсистирање на континуитет со Ванчо Михајлов, „будења“ како Бугарин, поврзаност со бугарски клубови итн.) синхронизирано со другите ВМРОа од Бугарија. Односно, не оставаат државата Северна Македонија да се однесува кооперативно со државата Бугарија, затоа што еден великобугарин, без оглед каде е, тој е воедно и против симнувањето на ветото, и против „францускиот предлог“, но селективно се изразува, зависно во кои граници му се нозете. Оттаму и кореографијата што си ја режираат меѓу себе – ќе си направат „згодни“ бељи меѓусебе, ќе се издекларирираат како другите две страни (овој бил Македонец, а друг бил Бугарин) и ќе им го остават својот измет на двете држави да го чистат. Така, вувузелите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието како еден вид цензура на говор од говорница во највисокото законодавно тело, како и сите нивни пропратни сцени против „францускиот предлог“, би можеле да се толкуваат не како про-македонска, туку како великобугарска сценографија и драматургија, со оглед, на пример, колку покажаа „несреќност“ што фамозниот Протокол не влезе во Преговарачката рамка („францускиот предлог“). Дополнително, големите апологети од МАНУ на оваа божемна патриотска маска, со зборови како „разнебитување“, „геноцид“, „холокауст“, самите се јавуваат како типичен пример на великобугарска подмолна тактика за неразбирања меѓу Македонците. Едноставно, фрлаат ваков сомнеж врз себе во чиста ситуација како од вежбанка од теорија на игри, со сите познати „непознати“, на исчистен терен, кога е повеќе од јасен следниот потег кој е од бенефит за Македонците и по етницитет, и по државност. Не може тоа експерти (и академици) да не го гледаат, а ако навистина не го гледаат, тогаш има и втор можен одговор.

Вториот одговор е дека се слепи во умот и наседнуваат на трикот на великобугарската стратегија како трета страна, скриена токму во гужвата меѓу македонските националисти. Бугарија, како држава, но и великобугарите не добиваат ништо ако се признае нивното 0.2%-но малцинство овде. Но, добиваат ако не ги признаеме. Ако македонската опозиција (и МАНУ) не го гледа ова, сосе сите свои поддржувачи, заглибени во пештерската на-ти-дај-ми предрасуда дека сѐ се прави со „израмнети сметки“, уште и суетно надуени, небаре непризнавањето на толку мало малцинство е некаква моќ, тогаш не можат да се пофалат со паметност, со согледување дека меѓу нив се кријат великобугарските кртови, токму во македонското националистичко тело, а не во страната која влече кон ЕУ.

Овие одговори се само соодветни на нивните „НЕ“-иња на маичките. Сега слушаме дека како опозициона партија не би гласале за ЕУ, но како власт „НЕ“-то ќе стане „ДА“. Дали ова е за верување и како да го разбереме ова?

Прво, ова диференцирање како суб-страна во конфликтот за продолжување на преговорите со ЕУ, може да е само изолирано оправдано како игра за добивка, никако како кооперативна стратегија во меѓудржавниот контекст. Како посебна страна, како издвоен дел од јасно дефинираната страна – државата, тежнее да го максимизира бенефитот, всушност, исклучиво за себе, без да го „прелее“ кон првобитната дефинирана страна  – државата, така што ќе ги исцрпи сите можности од државните институции исклучиво за себе и нема да го постави гласањето за ЕУ на дневен ред никогаш, бесконечно пазарејќи се со тоа. Притоа, ВМРО-ДПМНЕ самата си прави дамка токму со издвојувањето како посебна страна, односно сама си дава дефиниција на сопственото ниско ниво, особено што таа расипаност ја искажува пред сериозни претставници од други држави. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ го изменува значењето на изборите (кога и да бидат) во гласање за или против спас на објектот на Белата палата, поништувања на судски одлуки и спас на нивни криминални дејци.

Дали би гласале за простување или за непростување на криминалите кои судот во Стразбур ги врати овде да бидат отворени сосе сите можни валканици? Бившиот претседател им беше една алатка која не успеа со незаконската аболиција, а на изборите, кога и да се одржат, очигледно истото го ставаат пред нас, граѓаните. Бидејќи тоа е првостепен интерес на ВМРО-ДПМНЕ, а гласањето за ЕУ го поставуваат како роба за пазарење за недосудените криминали. И без великобугарски поединци меѓу нивните редови, целата структура на ВМРО-ДПМНЕ со ова самата си се одзема од Македонија и бара да реализира нулта сума со Македонија како друга, посебна страна. Уште повеќе, нивната формална, географска и пишана во документите македонска припадност ја користат како алатка за црпење на дополнителни ресурси од самата држава за победа над истата таа држава како систем од институции.

Тука се затвара и кругот на прашањето за вредностите на ЕУ: Имено, не само што не е за верување дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе напредуваме во Поглавјето за фундаментални вредности, правда, судство, антикорупциски политики итн., туку и во ниедно друго Поглавје, бидејќи со првенствена мотивација за спас од казни и конфискација, за нив тоа не се вредности, туку нож под гуша. Тие секако не би гласале за продолжување на преговорите со ЕУ, додека не си ја спасат Белата палата, додека не си ги спасат своите осудени или во судски процеси, а тоа може само со максимална корупција и тефтерчиња. Зошто би си направиле сами притисок врз себе во „спасувачката акција“ за некакви преговори со ЕУ, мониторинзи и уште да ја трпат таму Агелер, на пример, да ги потпрашува до каде се со антикорупцијата. Ќе направат да нема за што да ги потпрашува, секако.

Еднаш, Апасиев ја опиша оваа долна селска „лукавост“ на сегашната македонска опозиција во ситуација кога би била власт (парафразирам): Социјалдемократите и без власт би биле принудени да гласаат за ЕУ, инаку ќе испаднат дека тие се евроскептиците. Таман му е сега време да помисли зошто да е искористен во пазарлукот на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи, и да не гласаат сите други, ВМРО-ДПМНЕ всушност ги уверува сите наоколу дека би имале бројка по следните избори, заедно со другите етнички (особено албанските) партии за изгласување на „ДА“. Впуштањето на ВМРО-ДПМНЕ во теоријата за менување на Уставот укажува дека им требаат гласови надвор од партијата, иако, како што е од јасно – појасно, никогаш нема да го стават на дневен ред за да можат бесконечно да се пазарат.  Но, дали сѐ уште можат добро да ја „продадат“ испомешаната идеологија на секоја публика со вакви фаули од великобугарски или судско-процесни „опасни врски“? Можеби тоа е прашање на многу литри маслиново масло. Или, можеби, во недостаток на маслинки, на размавтување со познатото Протуѓерово (или на тековниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ): „А да имаме војна?“

Малку отповеќе е смешно што токму некооперативните сега ги базираат своите шанси за успех на кооперативноста од другите. Но, да речеме, убаво што се толку транспарентни. Сѐ им се гледа, ги губат стандардните приврзаници, па нема ни да е чудно кога ќе се најдат луѓе што нема да сакаат да се срамат наместо нив. Изгледа доаѓа времето кога пак истите ќе ги поткреваат пантолоните наместо да ракоплескаат.

Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.

Tags: БугаријаВМРО-ДПМНЕГрцијаЕУСеверна Македонијасудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ