• Latest

Политичка пролет во Бела Црква

May 9, 2016

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Политичка пролет во Бела Црква

May 9, 2016 18:02
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Овде, во кривогаштанското село Бела Црква, сите жители се занимаваат со земјоделство, зашто едвај да има некој вработен. И оваа пролет, од утро до мрак тие се по нивите, освен во празник и недела, ден како овој, кога ги затекнавме пред продавницата среде село, како муабетат за животот, за политичките случувања, за секој следен чекор на политичарите, партиите…

И не ги кријат ставовите. Откако опозиционата СДСМ како што велат, започна со објавување на „бомбите“, а особено по одлуката за аболиција, што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, немаат дилеми околу изборниот процес. Сите со кои разговаравме на оваа тема се едногласни дека ќе гласаат, но само на кредибилни избори, тогаш кога ќе биде исполнет Договорот од Пржино.

Многу жесток во своите ставови е 74 годишниот, Крсте Станкоски. Вели не поддржува ниту една партија, но бара правда, сака да живее во демократска држава во која ќе владее законот.

Богоја Рајчиноски, пак, е убеден дека претседателот Иванов донел однапред договорена одлука, која ги штити политичарите, за кои се води или ќе се води истрага во СЈО.

Славе Шипиноски е целосно согласен со ставовите на своите сограѓани. Според него јавна тајна е што во ова село, за сите избори се вршат политички притисоци, а неистомислениците се казнуваат на разни начини.

И додека муабетевме со овие луѓе, разговорот будно го следеше друг жител, нервозно дофрлувајќи по некој збор. Во намерата да ги чуеме ставовите и видувањата и на другите граѓани, го замоливме пред објективот на камерата да ни каже, зошто не се согласува со другите мештани. Не беше подготвен за разговор, но сепак јасно порача дека сè што имаат му должат на Груевски.

Во секој случај во Бела Црква, пристигна политичката пролет. Жителите веќе не стравуваат да говорат за своите проблеми, да го манифестираат своето незадоволство од работата на власта. Според нив, владејачката партија треба да ја ослободи политичката сцена, а во државата да се врати демократијата и законот.

Текст и видео: Моника Талеска

Tags: Бела ЦркваизбориМакедонијаполитичка кризаПрилепСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ