Малолетници од 14-годишна возраст и позрасни, денеска делеа летоци со политичка содржина на Широк Сокак во Битола. Иако не беа регистрирани инциденти во текот на оваа акција, забележливо е дека овие деца се координирани од повозрасни членови на владејачката партија, наспроти тоа што се обидуваат да се претстават како активисти на граѓанска организација.
Децата кои се вклучени во оваа партиско-политичка пропагандна кампања немаа писмена согласност од родители, а ниту организаторите немаа објаснување за фактот дека се вклучени малолетни лица, без прописна документација, односно, согласност од родителите.
ЦИВИЛ повеќе пати ја алармира јавноста за злоупотребата на малолетниците во политички цели.