• Latest
фото: ЦИВИЛ

Полицајци бараат фантоми по станови, наместо во Избирачкиот список

January 26, 2018

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полицајци бараат фантоми по станови, наместо во Избирачкиот список

January 26, 2018 16:34
in ПОЛИТИКА
фото: ЦИВИЛ

фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Фантомите во Избирачкиот список може да навлечат редовни посети од полициски патроли, кои имаат налози да ги бараат токму нив. За ова сведочи и случајот со М.И., која во детали ја раскажа непријатната приказна за честите полициски посети на нејзиниот семеен дом во изминатите дваесетина години. Преку оваа сторија може да се види колку и на кој начин лошиот Избирачки список влијае на секојдневниот живот на граѓанките и граѓаните.

М.И., чија адреса на живеење не е променета повеќе од дваесет години, ја започна својата сторија со изборите во 2016 година, кога на нејзина адреса, според Избирачкиот список се нашле тројца фантоми.

Откако е купен станот пред дваесетина години, ова семејство добива по пет-шест посети годишно, барајќи го првиот сопственик, во случајов, еден од фантомите кои се појавуваат во Избирачкиот список. И дваесет години, полицајците добиваат ист одговор: Тој човек, тие луѓе не живеат на нејзина адреса. „Посетите“ од полицијата се придружени со барање лична карта, запишување на податоците и ветување дека нема веќе да го вознемируваат семејството. И така, секоја година.

Минатата година, при увид во Избирачкиот список и утврдување дека на нивна адреса се води лицето кое упорно со години го бара полицијата, односно првиот сопственик на станот кој сега е дом на М.И., случајот е пријавен во Државната изборна комисија. Од таму ги упатиле во МВР и до денот на изборите во декември 2016, тројцата фантоми се бришат од Избирачкиот список.

Тогаш, на адресата на М.И. се „населува“ нов фантом, сосема непознат.

Изборите поминуваат, проблемот останува. Во 2017, полицијата повторно тропа на вратата. М.И. е револтирана и бара, по кој знае кој пат, да го одјават лицето од нејзината адреса, но одговорот од нив е дека сега ќе запишат, ќе знаат, нема веќе да го бараат, но не можат да го одјават.

Потоа, доаѓа информацијата дека, според зборовите на службените лица, фантомот треба сам да се одјави од таа адреса.

Минатата недела, три дена по ред, полициски екипи ја посетиле М.И. Пак истата „процедура“ – лични карти, испрашување…

„Минатата недела, три ден по ред ми доаѓа полиција на врата. Првиот ден им реков дека човекот што го бараат не живее на таа адреса повеќе од триесет години. Полицаецот побара да се легитимирам. Му дадов лична карта, запиша и ми вети дека за овој случај, лицето повеќе нема да се бара на оваа адреса. Следниот ден, повторно дојдоа, но овој пат други двајца полицајци. Кога се побунив, рекоа дека колегите од прва смена не им пренеле. Третиот ден истата приказна со нови двајца полицајци, на кои не им пренеле колегите од претходните денови.  Освен првиот ден кога ми се појавија на врата, следните одбив да се легитимирам. Случајот за кој го бараа, како што објаснија, бил некој мал прекршок, најверојатно поврзан со сообраќајка. Сите ги прашав што треба да се направи да не ми се појавуваат на врата и човекот да се отпише од наша адреса. Одговорот беше ист. Не се баш сигурни, но тој треба самиот да се одјави“, говори револтираната М.И. за ЦИВИЛ Медиа.

Од полициската станица Аеродром одговорија дека надлежноста е во Одделението за лични карти.

„Што се однесува до бришење на лицата од Избирачкиот список, ДИК испратила писмо до нас за проверка дали лицето живее на таа адреса, колку време живее или воопшто не живее. Ние сме извршиле проверка. Повторно сме ја вознемириле граѓанката, сме констатирале дека не живее и одговорот сме го пратиле до ДИК. Меѓутоа ние во полициската станица немаме можност за бришење на податоците. Граѓанката треба да поднесе пријава во Одделението за лични карти. Тие можат да го избришат или да го заведат како лице без адреса. Таа треба да пријави дека тие лица што порано биле сопственици и се воделе на таа адреса, веќе не живеат таму. Не е еден случај, многу вакви случаи има, затоа што лицата по автоматизам повторно се заведуваат со иста адреса и не се бараат документи за сопственост“, велат од полициската станица Аеродром.

Тие додаваат дека, по правило, при секое вадење лична карта, треба да се достави документ за сопственост или живеалиште на таа адреса.

Избирачкиот список е достапен на увид. Од тројцата фантоми, двајца веќе се вратени на истата адреса.

Од ДИК ветија дека во текот на неделата ќе ја проверат информацијата, за што дополнително ќе објавиме.

Од одделението за лични карти се недостапни од понеделникот.

Се поставува прашањето, низ колку институционални врати треба да помине М.И. за да го решат проблемот и веќе да не ја малтретираат? Колку време ќе помине и што сѐ е потребно за конечно усогласување на податоците од МВР и ДИК? И колку граѓанки и граѓани се соочуваат со овие непријатности? Да не говориме за тоа дека луѓето се принудени да решаваат проблеми на институциите, наместо тоа да е обратно!

Биљана Јордановска

Tags: вознемирувањеДИКлични картиМВРполицијафантоми
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ