• Latest

Пописот ќе биде спроведен со комбиниран метод, податоците треба да ги задоволат потребите на државата

December 18, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пописот ќе биде спроведен со комбиниран метод, податоците треба да ги задоволат потребите на државата

December 18, 2020 12:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во Собранието пред два дена со 61 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ и без „воздржани“, го поддржаа предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во прво читање, со што тој ја продолжува собраниската процедура.

За него не се изјасни опозицијата која претходно ја напушти салата.

Предлог-законот за попис беше поднесен во мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ, но беше заглавен година и половина поради несогласувањата меѓу партиите. Пописот треба да започне на 1 април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, со строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид-19, а учесници на панелот беа Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, актуелниот директор на Заводот за државна статистика, и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Апостол Симовски, актуелниот директор на Заводот за државна статистика истакна дека подготовките за пописот започнале одамна и дека попис не се прави за краток период од месец дена или година дена, туку дека треба подолго време.

„Подоготвките почнаа одамна, попис не се прави за месец или два или година дена, треба подолго време, се разбира врз основа на сознанијата, искуствата и потребите за овие информации она што ја кочи е законот, вчера почна расправата, вчера беше првото читање и во наредниот период ги очекуваме деталите, се надевам дека субјектите во парламентот ќе го изгласаат овој закон и нема да има никакви спротивности, оваа е операција која треба да донесе бенефит на граѓаните во државата. Ние финишираме со подготовките од технички аспект, овој попис ќе биде специфичен нема да биде на оној традиционален начин ќе користиме комбиниран метод“, истакна Симовски.

Симовски додаде дека за разлика од претходните години, оваа година ќе има електронски прашалници, на лаптопи и ќе има комуникација со автоматски бази од каде ќе се превземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен.

Според Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, новиот начин на кој ќе се спроведе пописот е новост за државата и дека Државниот завод за статистика се труди да придонесе високи резултати за да се добијат податоци што побрзо.

„Условите и можностите иако активностите Заводот ги започна пред неколку години, сега со пандемијата се успори процесот, но институциите функционираат меѓу себе со координации. Јас сум изненаден што учестувам во тие консулатации и што ќе направивме исчекор од друг систем“, вели Герасимовски.

Герасимовски очекува дека ќе се постигне современо работење и дека брзо ќе се добијат потребните податоци.

„Во пописот многу е важно како се вршат подготовките за организацијата и како се спроведуваат податоците на терен. Ќе биде се најдобро ако ние сме послушни и ги почитуваме законите, а квалитетот на податоците ќе ги задоволат потребите на држaвата“, вели Герасимовски.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ изјави дека повеќе од една деценија имаме политики кои го контаминираат политичкиот дискурс, односно дека не може ни едно прашање да помине, а да не се исполитизира.

„Пописот може многу лесно да се претвори во оружје со кое се дискредитираат политичките противници. Тоа е една од главните поенти на голем дел на политичарите на десничарка групација во земјата и тука имаме ситуација каде етничките односи стануваат главна тема во сите области“, вели Дерала.

Според него, политичката фела го зима во рацете како аргумент за да покаже дека онаа другата страна е попустлива.

„Се работи за калкулација на тие структури кои може и да не ја постигнат својата целона атмосфера во која граѓаните имаат се помалку доверба во институциите, едноставно креирање на теории на заговор е доволно добар резултат за нив, бидејќи ќе се вклопи во нивната стратегија и во која профитот секако го извлекуваат малкумина во тие структури“, вели Дерала.

Претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање од собраниската говорница апелираше во текстот на Законот за попис да се вградат сите највисоки статистички стандарди на Еуростат и сите конструктивни предлози на опозицијата, за да се добиее валидни резултати чија кредибилност нема никој да ја оспорува.

„Уверен сум дека високите политички тензии околу овој, за државата, стратешки важен потфат, во голема мерка би биле намалени доколку сите политички субјекти јавно ја образложат својата цел која очекуваат да биде постигната со донесување на законот: дали добивање на прецизни статистички податоци врз чија што основа ќе може да формулираме долгорочни политики и стратегии во виталните области или политизација на резултатите од пописот заради оспорување на статусот на етничките заедници“, истакна Пендаровски.

А. П. 

Tags: Апостол СимовскиДончо ГерасимовскиДржавен завод за статистикапанел дискусијапопис на населениеСтево ПендаровскиЦивилЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ