• Latest
Добро утро со Орданоски

После сончање, нема каење!

September 7, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

После сончање, нема каење!

September 7, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]ост-референдумските анализи на британската одлука за Брегзит покажуваат дека мнозинството Британци НЕ СЕ за излегување од членството во Европската Унија – од оние што ИЗЛЕГОА да гласаат на референдумот, мнозинството (17,4 милиони луѓе, односно 51,9 насто) гласале за напуштање на ЕУ, наспроти 16,1 милиони кои беа против тоа. Но, речиси сите бројни испитувања на јавното мислење покажаа дека од близу 13-те милиони гласачи кои, од различни причини, не излегле да гласаат на референдумот, ДВОЈНО повеќе би гласале за останување на Британија во ЕУ, одошто за нејзино заминување од Унијата. Да излезеа на референдумот, победата на проевропските сили во Британија ќе беше убедлива, какво што се чини дека е, впрочем, и генералното расположение во земјата и по референдумот.

Но, сега на овие Британци им е доцна да жалат заради својата мрзеливост (или заради други причини за спреченоста) да излезат и да гласаат на референдумот, после кој Обединетото Кралство запаѓа во сè поголема криза не само на својата дневна политика, туку и на своето политичко уредување и националниот идентитет, воопшто, на долги патеки.

Сега, како што растат непријатните сознанија за вистинските последници од излегувањето од европскиот сојуз, така во Британија се множат барањата и идеите за распишување на нов референдум за преиспитување на одлуката за отцепување од ЕУ. Но, брегзитерите со право им велат: „Сори, дечки, имавте шанса, ја пропуштивте, кој ви е виновен за тоа?“

На македонски јазик преведено, поуката од оваа далекусежна британска политичка авантура би се превела со познатата поговорка дека „После … онаа работа, нема каење!“… Практичната политичка поука од гласањето на британскиот референдум, за која се согласуваат голем број тамошни експерти, е дека проевропските кругови во земјата не успеаја доволно да мотивираат голем број од своите бројни поддржувачи да излезат и да гласаат на референдумот. Излегоа покуси за некои 7-8 милиони гласови, заради што, наместо проевропски триумф, сега во Лондон се мачат да ја состават и самата агенда за тешките преговори што ги очекуваат во Брисел.

(Патем, речиси идентични се и анализите за „апстинентските“ причини за победата на Трамп во САД, со сите тековни внатрешно-американски, но и глобални трагикомични последици од тоа.)

Ова е точката на паралела со претстојниот македонски референдум: кога ја гледам интензивната кампања која се труди да ја промовира власта деновиве, како да насетувам загриженост да не им се повтори британското сценарио, односно големото мнозинство поддржувачи на евро-атлантската иднина на Македонија да не помислат дека работата и без референдумското (макар и консултативно) изјаснување е завршена, па голем број од нив и да не излезат да гласаат за својот вистински, про-евро-атлантски, политички избор.

Нам политичката мрзеливост и онака ни е нешто како национален спорт, а кога ќе се доведе во комбинација со распространетиот политичкиот цинизам според кој гласал-не-гласал исто ти се фаќа, работите можат да добијат задоцнет „покајнички“ тек во контекст на „онаа работа“!

Дури, таквата инертност може да биде и поттикната од вистинската инвазијата на меѓународна вербална и персонална поддршка за успехот на референдумот – еве, после сите што се изредија или се најавени дека ќе дојдат, слушаме дека и потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, можеби ќе наврати во Скопје пред референдумот да нè гушне во топла евро-атлантска прегратка – што на дел од овдешните раскомотени гласачи може да им заличи како порака дека и со и без нивниот глас Македонија е веќе дел од евро-атлантските сојузи, па што да арчиме кондури до гласачко место… Башка што и тој викенд е како создаден за последно сончање на грчкине плажи.

Затоа и мислам дека е вистинска среќа вревата што ја прави тајфата за бојкот на референдумот, бидејќи така ја кристализира важноста на сечиј поединечен граѓански ангажман да заземе активен став во однос на ова историско референдумско изјаснување.

Оти, навистина, после … онаа работа, нема да има каење!

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат (8/9/2018).

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: БрегзиткомпарацијаМакедонијареферендум
Share163TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ