Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини денеска во Владата ќе го потпишат договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-d.
На потпишувањето присуствуваат и ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите потписници.