Сквернавење на македонското знаме на одбележување на Ден на албанското знаме, пукање со огнено оружје, палење на албанското знаме во Прилеп и Куманово (како одговор, реакција на претходниот чин?), полицаец качен на полициско возило симна албанско знаме од бандера и го фрли на земја, македонската навивачка група Чкембари во сред Битола мафтаа со вергина знамиња скандирајќи „смрт за Ш****ри и чиста Македонија“, ФФМ ги откажа фудбалските натпревари за да спречи инциденти и говор на омраза…
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Чија е одговорноста за политичките тензии по инцидентите со знамињата на 28 ноември?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа