Од стартот на својот мандат, премиерот Мицкоски вети голема економска експанзија, што ќе го помогне економскиот стадард на граѓанките и граѓаните, но ќе донесе и нови можности за бизнис секорот, дополнително нови странски инвестиции и капитални проекти.
Економијата стартот го имаше со унгарскиот заем, потрошувачките кошнички и проблемот со минималната плата, за која владата поддржува, ама и се оградува од одлуката за финансиска поддршка за нејзино зголемување.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за економските политики на владата на Мицкоски?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа