• Latest

Пратеникот Салиу сакал да помине граница преку ред, МВР најави пријава

February 28, 2021
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратеникот Салиу сакал да помине граница преку ред, МВР најави пријава

February 28, 2021 17:19
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно, погрешно толкувајќи ја функцијата пратеник, од позиција на моќ, Абдула Салиу од Алијансата за Албанците, при влез во земјава на граничниот премин Блаце, вечерта на 27 февруари, не сакал да чека во редицата возила, како и останатите. Тој се качил на тротоарот со својот Фолкваген Пасат, ги поминал возилата што чекале во редицата, ја одминал кабината на пограничната служба и се довезол до просторот каде што се врши царина, објави Фронтлајн претходно.

Кога пограничниот службеник му пришол на возилото на пратеникот Салиу, настанала драма. Пратеникот излегол од возилото и му се развикал на службеникот, велејќи му дека е пратеник во Собранието на РСМ и дека за него не важат стандардните процедури при премин на границата.

Раководителот на пограничниот премин се обидел да ја смири ситуацијата и да ја објасни процедурата за премин на граница, но Салиу продолжил со викање, велејќи дека тој никаде низ Европа не чекал на граница и ниту, пак, тука ќе чекал. Рекол и дека никој ништо не му може.

Од МВР ги потврдија информациите.

Службениците го предупредиле пратеникот Салиу дека ќе биде поднесен службен поднесок во врска со неговото однесување. Според потврдата од МВР, против пратеникот Салиу ќе бидат поднесени пријави по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).

За интернет медиумите на албански јазик, Салиу го потврдил инцидентот, но со свои зборови: „Полицаецот не прифаќаше да ги земе документите, ми ги исфрли на земја и ми рече сам да влезам кај шефовите. По одредено време, ги зеде и ги испрати за контрола. Излегоа Ќамурам Харединовски и Агим Барди. Повикаа уште ефен шеф и му кажаа дека сум пратеник на опозицијата. Ми рекоа дека наводно сум прекршил правилник и ми се заканија дека ке ми пишат опомена и дека ќе испратат известување во канцелариите на МНР. Потоа ми рекоа: Нема врска што си пратеник, ако сакаме ќе ти завршиме работа, ако не сакаме, ќе те држиме тука“.

За ЦИВИЛ МЕДИА, пратеникот изјавил дека нема што да додаде. „Тие (МВР) прават како што сакаат самите“ – беше неговиот краток коментар.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ