• Latest

Предавање за јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)

November 7, 2017

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Предавање за јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)

November 7, 2017 17:37
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

“Улогата на медиумите во развојот на јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)” беше тема на дискусијата и краткото предавање организирано од Здружението на новинари на Македонија, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија.  Настанот започна со обраќање на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој објасни дека немале голема можност да се бават со прашањето за укажувачите, бидејќи досега се бореле за поголема безбедност на новинарите во Македонија.

“Безбедноста на новинарите во Македонија е загрозена, а институциите не само што не ги казнуваат насилниците, туку стануваат и соучесници на насилството против новинари. Минатата недела двајца наши колеги беа притворени од полицијата. Жалам што и покрај промената на власта во Македонија, полицијата има сличен однос со новинарите, како и претходната власт. Неприфатливо е новинарите да се третираат од страна на полицијата како криминалци. Новата влада мора да разбере дека новинарството не е криминал.” – изјави Селмани.

Иако во Република  Македонија законот за укажувачи стапи на сила во 2016 година, Селмани изјави дека тој закон за жал не е во согласност со меѓународните стандарди.

“И така лош како што е, тој речиси и не се спроведува, затоа што системот се плаши од транспарентност и оттчетност. Има клучни слабости на законот, начинот на пријавување на криминалот и казнување на лицата што ќе го откријат идентитетот на укажувачите. Кај нас укажувачите наводите за криминал прво треба да ги пријават во институцијата каде работат, до јавното обвинителство и полицијата, а ако тие не преземат ништо, тогаш имаат право тие наводи да ги презентираат во јавноста. Во светот е обратно, укажувачите имаат право директно да ги пријавуваат злоупотребите во јавноста. Вториот пропуст е што казните за лицата што ќе откријат идентитет на укажувач се многу ниски и практично укажувачите со вакви ниски казни се незаштитени. “

По обраќањето на претседателот на ЗНМ, со кратко предавање излезе и долгогодишниот меѓународен експерт во областа на Законите за заштита на свиркачите, Том Девајн, на кое главна цел беше важноста на безбедност, нвинаризаштита на укажувачите од страна на законите, и ги сподели своите искуства од САД.

Ангела Петровска

фотографија: МИА

 

Tags: безбедностЗНМНасер СелманиновинарипредавањеТом Девајнукажувачи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ