• Latest
Нови полициски униформи
извор: МВР

Предизборни набавки на нови униформи на МВР без двојазичност – отворена политичка и правна полемика

September 23, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Предизборни набавки на нови униформи на МВР без двојазичност – отворена политичка и правна полемика

September 23, 2025 16:07
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Нови полициски униформи
извор: МВР

Нови полициски униформи извор: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Новиот тендер кој го објави вчера Министерствотото за внатрешни работи (МВР), за како што велат, нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции, предизвика реакции кај дел од медиумите на албански јазик и кај опозициската ДУИ.

– Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција, соопшти МВР.

Од МВР потенцираат дека новата униформа, во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.

Според прикажаната фотографија со новите униформи, на ознаките „Полиција“ освен кирилично писмо, не се прикажува и латинично.

Од Демократската Унија за Интеграција ( ДУИ), денеска преку соопштение ја осудија дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи на принципите на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците.

„Демократската унија за интеграција го изразува своето најдлабоко негодување поради скандалозната одлука новите полициски униформи да бидат само на македонски јазик. Овој чин е флагрантно кршење на принципите на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците, кој гарантира еднаквост и двојазичност во државните институции, а особено во полициските униформи.

Ова не е изолиран случај, туку продолжение на дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која веќе иницираше отстранување на албанскиот јазик како службен јазик во Уставниот суд. Она што го прави уште поскандалозно е сервилното молчење на албанските партии на власт, кои прифатија да станат вазали на антиалбанските политики, кршејќи го достоинството и правата на Албанците за ситни политички интереси.

Еднојазичните униформи не се само облека. Тие се симбол на идентитетот на државата, еднаквоста и почитувањето. Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, ова е доказ за губење на политичкиот суверенитет на албанските партии кои денес ги одразуваат интересите на ВМРО.

ДУИ јасно става до знаење: Албанците нема да прифатат вакви понижувања. Законот е јасен, во општините каде што Албанците се најмалку 20%, секоја државна институција е должна да ги користи службените јазици, вклучувајќи ги униформите и јавната комуникација.

Бараме итно повлекување на оваа дискриминаторска одлука; замена на полициските униформи со двојазични натписи, според законот, и јавно извинување од албанските партии на власт, кои го одобрија овој срам.

Еднаквоста не е луксуз, таа е законска, морална и национална обврска. ДУИ не прифаќа компромис со достоинство. Албанците се жртвуваа за еднаквост и оваа срамна одлука ќе биде поништена.“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Од владиниот коалициски партнер ВЛЕН, молк.

Во 2022 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата на Алсат „Патот кон“ ( Rruga drejt) најави дека до март 2023 година полициските униформи и амблеми ќе бидат двојазични.

„Уредбата беше одобрена од Владата и објавена во Службен весник на 18 март 2022 година. Таа стапи во сила 8 дена по нејзиното донесување, а ќе започне да се спроведува најдоцна 1 година од денот на стапување во сила, поточно најдоцна до 26 март 2023 година. Правиме подготовки и кога ќе истече рокот, треба да започне имплементацијата согласно Законот за употреба на јазиците“, изјави Спасовски.

Редакцијата на ЦивилМедиа упати прашање до Министерството за внатрешни работи за тоа дали новите униформи ќе бидат двојазични, но до објавувањето на овој текст, не добивме одговор.

Во Членот 8 од Законот за употреба на јазиците се наведува дека униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Инаку, тендерот за набавка на нови униформи за полицајците, се објавува токму во пресрет на локалните избори што ќе се одржат следниот месец, во веќе вжештена предизборна атмосфера и реторика помеѓу политичките ривали и нивните поддржувачи.

Дијана  Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ