• Latest

Преглед на настани: Дебата за онлајн работа на Собранието, ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“, „Европа е наш дом“ во западниот регион…

October 14, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Дебата за онлајн работа на Собранието, ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“, „Европа е наш дом“ во западниот регион…

October 14, 2020 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: „За“ и „против“ онлајн работата на Собранието

По трите потврдени случаи на пратеници активни на вирусот Ковид-19, се интензивираа дебатите околу можноста за заседавање на Собранието преку онлајн апликации. Владејачкото мнозинство предлага промена на Деловникот за да се овозможи работа на далечина за пратениците кои имаат решение за изолација, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации.

Прашањето за онлајн работа на пратениците се актуелизира вчера откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека пратеничка од редовите на оваа партија е позитивна на Ковид-19. Таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, а две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Претходните денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 биле и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски се тестирал бидејќи сакал да патува во странство, а Јахоски имал симптоми на Ковид-19 и беше хоспитализиран.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Анкета: Младите нема да бегаат во Европа ако се применуваат европските вредности

ЦИВИЛ со конференција „Зелените доаѓаат“

Конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, ќе се одржи во среда, на 21 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) со почеток во 12 часот.

Конференцијата има цел да ги промовира зелените вредности кои ги вклучуваат социјалната правда и антинационализмот како неделиви области на дејствување и креирање политики и практики.

Учеството на конференцијата е возможно единствено преку најава, со оглед на просторните ограничувања, соодветно на мерките за заштита од коронавирусот. Следење на конференцијата во живо ќе биде обезбедено преку видео линк на Фејсбук страницата ЗЕЛЕН ЦИВИЛ.

„Европа е наш дом“ во Тетово, Гостивар и Кичево

ЦИВИЛ денеска одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Тетово, Гостивар и Кичево.
„Европа е наш дом“ е проект посветен на мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сѐ главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Првата македонска компанија лиценцирана  за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“  денеска го отвори производствениот капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Заев најавува приватизација на Македонски Пошти, и иницирање на истата идеја за ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпзит“…

Со 52 гласа „за“, 17 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието вечерва го донесе Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со Ковид-19.

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од објавување на имињата и надоместоците на советниците и соработниците на членовите и на претседателот на Владата.

Владата на вчерашната седница ја разгледа информацијата за одржаниот четиринаесетти состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

Владата на вчерашната седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски на отворено и за забрана за групирање во домови на семејни прослави и на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, при што заклучи дека за нивно спроведување ќе бидат неопходни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Шар Планина не смее да биде заштитена само на хартија, апелираат граѓанските организации.

Преку Европската Унија нашата земја добива брз пристап до лекот за третман на ковид-19 „Ремдесивир“, информира Владата.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Повторно една неверојатна дилема во Собранието: во услови на светска пандемија, кога десетици парламенти во светот, меѓу кои и во најстарите демократии, поминаа на можноста работата на пратениците да може да се одвива и со онлајн присуство на седниците на пратениците на собраниските или комисиските расправи, кај нас се отвора бескрајна расправа дали за да се примени тоа практично, иако приинудно технолошко решение, треба да се менува и Уставот на државата?!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Инаетот не е политичка стратегија“.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ