• Latest

Преглед на настани: ЕК ја истражува наводната злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус, ЦИВИЛ со дводневен регионален семинар, „Европа е наш дом“ утре во западниот регион…

October 13, 2020

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ЕК ја истражува наводната злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус, ЦИВИЛ со дводневен регионален семинар, „Европа е наш дом“ утре во западниот регион…

October 13, 2020 17:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЕК ја истражува наводната злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус од страна на Националната агенција за европски образовни програми во С.Македонија. 

Портпаролката на ЕК за образовение Сузан Конзе, посочи дека Комисијата е запознаена со случајот.

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави Конзе за МИА.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Дводневен регионален семинар на ЦИВИЛ за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси во Струга

ЦИВИЛ продолжува со серијата семинари за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси. Семинарите се дел од долгогодишниот проект „Граѓански објектив“ и во кои до сега учествувале повеќе од 1.200 граѓански новинари, активисти и многу други заинтересирани за граѓанско учество во донесувањето на одлуките на локално и национално ниво.

Серијата семинари под заеднички назив „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ продолжуваат во Струга, во хотел „Београд“, во центарот на градот, на 24 и 25 октомври (сабота и недела) со почеток во 11 часот. На семинарот може да учествуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините Охрид, Струга, Центар Жупа, Вевчани, Дебар, Дебарца, Ресен и Кичево. Бројот на учесници е ограничен на 20, а ЦИВИЛ за таа намена обезбедува голем простор согласно мерките за заштита од Ковид-19 за максимално почитување на протоколите за безбедност од корона вирусот.

             ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

„Европа е наш дом“ патува во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги посетат инфо –штандовите во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид посветен на промоција европските вредности и интеграции.

Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на демократските процеси во земјата и да бидат дел од креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво, утре, 14 октомври, почнувајќи во Тетово.

Анкета: Кога ќе имаме европска плата нема да нè интересира политика

„Треба да станеме дел од Европа, оти сами не нè бива. Без Европа само ќе тонеме и пропаѓаме“, вели еден граѓанин од Велес на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали нашата држава заслужува да биде дел од европското семејство и дали ги исполнува условите?

Редакцијата на медиумската платформа на ЦИВИЛ им испрати покани за интервју на градоначалничките и градоначалниците на сите општини низ целата земја на кои ќе разговара за теми поврзани со антинационалнизмот, социјалната правда, зелените вредности, како и актуелната политичка состојба, европските вредности и ЕУ интеграции.

Велковски: Борбата за социјална правда и антинационализам е наше секојдневие

Богоев: Граѓаните ќе бараат вистински мерки за излез од економско – социјалната криза, а не политички надмудрувања и партиски преписки

Ана Василевска, филмска критичарка: Сега живееме во друг систем, демократски, нештата се променија, а тоа се рефлектира и во филмската продукција

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Премиерот Зоран Заев денеска имаше работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), регионалната директорка за Западен Балкан, Жужана Харгитаи и директорот на канцеларијата во Скопје, Анди Аранитаси.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон колегите од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата во следните две години се очекувањата на аналитичарите во земјава, искажани во анкетата на Народната банка спроведена во септември оваа година.

„Договорот што го потпишавме со Бугарија не беше само договор за решавање на проблемите, туку и градење на доверба и на добрососедски односи. Ние вложуваме во тие добрососедски односи и очекуваме тоа да го направи и Бугарија“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, прашана за коментар за можното бугарско противење на почетокот на македонските преговори за членство во Европската унија.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Расправиите помеѓу Грција и Македонија и помеѓу Бугарија и Македонија се од различна природа. Со различни последици. Со Грците имавме „имотно-правни“ недоразбирања како што двајца соседи се расправаат околу плотот – непријатна кавга која траеше триесетина години, но во која „геометрите“, на крајот, помогнаа да се симне оградата, откако ние решивме дека ќе се водиме од принципот „попаметниот попушта“: ја променивме таблата на влезот на плацот, добивме „имотен лист“ со катастарски печат од НАТО, без изгубен квадрат од духовниот и материјален имот. Тој успешно разрешен, а бесмислен спор, е веќе дел од балканската историја“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе потклекне ли Борисов пред Каракачанов и Москва?“.

Поенти на Џевден Хајредини: Џафери повторно го спасува Вељановски, овој пат, од затвор

Тој што Трајко Вељановски го спаси од притвор, вчера се обиде да го спаси и од затвор. Сведочи Талат на суд дека Трајко не можел да ги прекине бескрајните дискусии и реплики на пратениците на ВМРО, со очигледна цел да го спречат конституирањето на Собранието и, ако треба, да се направи и пуч, кој за малку, не без сериозни последици, не успеа.

„Од усвојување на Рамковниот Договор, па до ден денес, актуелна е темата на вработувањата по “Рамковен”. Честопати дури тоа служи како синоним на некомпетентност или афирмативна акција не толку врз база на етникум, колку врз база на политичка припадност од една страна, и социјална и интелектуална инфериорност од друга страна. Господинот Груби изјави дека „за жал” вработените по „Рамковен” не можело да се отпуштат од работа, па дури и да одбијат да работат. Понатака, тој објаснува дека имало случаи каде работникот одбива да работи во одредена институција, а притоа не смеело да се отпуштат од работа…“, пишува Лиса Баута Шаќири во колумната „Хиерархија на законски акти, или башибозук правда?“.

А. П.

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ