• Latest

Преглед на настани: Изгласани новите заменици министри, „Европа е наш дом“ во центарот на Скопје, Рангелова ослободена од „Насилство во Општина Центар“…

September 24, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Изгласани новите заменици министри, „Европа е наш дом“ во центарот на Скопје, Рангелова ослободена од „Насилство во Општина Центар“…

September 24, 2020 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието ги изгласа новите заменици министри

Половина час пред истекот на рокот, Собранието ги изгласа новите заменици министри. За нив гласаа 62 пратеници, а против 44.

Воздржани немаше, а другите пратеници не учествувале во гласањето. Дебатата во највисокиот законодавен дом, за вториот владин ешалон траеше два дена колку што е предвидено законски и за избирот на министрите. Говорницата на Собранието, опозицијата го користеше за обвинувања и напади кон мнозинството и новата влада, а неретко се навратија и на предходната Влада.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Штерјовска, „Гвеко“: Гостивар е идеален, но е далеку од можноста да прерасне во еко град

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

„Европа е наш дом“ во центарот на Скопје

ЦИВИЛ денеска преку инфо-штанд и комуникација со граѓанките и граѓаните ги промовираше европските вредности и интеграции.

Граѓанките и граѓаните имаа можност со тимот на ЦИВИЛ да споделат размислувања и ставови за општата политичка состојба во земјата и нејзините напори во спроведување на реформите како дел од преговорите за членство во ЕУ. Со оглед дека дел од проектните активности на „Европа е наш дом“ се и мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сѐ главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија, граѓанките и граѓаните разменија мислења и за изборните резултати и како тие влијаат во реформските процеси во време на пандемија со Ковид-19.

Дерала: Униформата не треба да ги штити насилниците, туку да заштитува од насилство

На социјалните мрежи е постирано видео на кое неколкумина полицајци жестоко тепаат Роми од Битола. Видеото е постирано денеска, а кога се случи настанот нема податоци.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала вели дека полицијата мора да биде пример за законито однесување.

„Згрозени сме од бруталноста на полициските службеници во снимката што беше објавена денеска. Во овој случај, правната држава треба да одреди најстрога санкција според законот. Униформата не смее да биде заштита на насилниците, туку заштита од насилството. Неказнивоста мора да престане“, нагласи Дерала.

Од МВР велат дека е утврден идентитетот на учесниците и дека по расчистување на случајот ќе ја информираат јавноста.

Затворска и парична казна за навивачите кои шират национализам и говор на омраза – бараат граѓаните

„Казни до 10 години затвор“, „парични казни до 5 ијлади евра“, „забрана од 5 години за посета на спортски натпревари“, се само дел од коментарите на прашањето на ЦИВИЛ поставено на Фејсбук страницата пред десет дена – Што мислите за национализмот кај навивачите групи, и како треба да се справат институциите со оваа појава?

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Со „Купувам домашно“, над 26 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.

Обвинителството се откажува од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Фатиме Фетаи бара најстроги казни за Груевски и Јанакиески како поттикнувачи на насилствата пред Општина Центар.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска го посетија основното училиште „Невена Георгиева Дуња“, каде разговараа со наставниците за подготовките за почетокот на училишната година.

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе одговори во најкус можен рок.

Министерот за внатрешни работи денеска изјави дека Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Поенти на Џевдет Хајредини: Никој не знае кога владата ќе почне со конкретни мерки и акции:

„Граѓаните на Македонија со нетрпение веќе скоро четири години чекаат да се прочисти барем еден обвинител или судија, или да се открие некој корупциски случај од високо ниво.“

А. Петровска 

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ