• Latest

Преглед на настани: Меѓународен ден на ненасилството, aпанажата максимално се користи по престанокот на мандатот, распишани предвремени избори во Штип и Пласница

October 2, 2020
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Меѓународен ден на ненасилството, aпанажата максимално се користи по престанокот на мандатот, распишани предвремени избори во Штип и Пласница

October 2, 2020 17:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДКСК: Апанажата максимално се користи од избраните и именуваните лица по престанокот на мандатот

Во периодот од 2014 до 2018 година од вкупно 107 лица кои го користеле правото на апанажа по престанок на функцијата на која биле избрани или именувани, сто лица пред изборот на функцијата биле вработени и не го користеле правото да се вратат на претходното работно место во рок од 30 дена од престанокот на функцијата согласно Законот за пратеници, туку користеле апанажа.

Ова го покажуваат податоците од анализата на буџетските трошења од страна на органите на државната управа ЈП и АД формирани од државните органи, предмет отворен врз основа на наводи изнесени во медиумите за злоупотреба  на службена положба и овластувања, како и несовесно работење во службата од страна на избрани именувани лица како и други службени лица кои се финансираат со средства од буџетот на државата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дерала: Насилството во било кој облик мора да се санкционира и да се прогони од животот на луѓето

„Филозофијата и практикувањето на ненасилството во политиката и во севкупниот живот во општеството, секако, подразбира мирно разрешување на конфликтите меѓу луѓето, заедниците и државите. Тоа значи превенција на било кој вид насилство, почнувајќи од физичкото, завршувајќи со вербалното.

Ја користам оваа прилика, на Меѓународниот ден на ненасилството, да ја истакнам констатацијата дека живееме во време кога црната пропаганда и говорот на омразата, посредно, а често и непосредно, ги загрозуваат безбедноста, физичкиот интегритет, здравјето, имотот и достоинството на луѓето.

Често се случува, нефизичкото насилство да нанесе подеднакви штети како и физичкото, па и оруженото насилство. На овој ден, треба да се потсетиме дека никако не смее да се занемари онлајн насилството кое е присутно и на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Насилството во било кој облик мора да се отфрли и осуди, да се санкционира и да се прогони од животот на луѓето“, изјава на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на ненасилство.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: Поцков: Профитот не смее да е на штета на екологијата

Адеми: Треба да се базираме на човечкиот капитал, наместо базирање на смешни изјави за субвенции

Муарем: Иако има кадар, Ромите не добуваат раководни функции во јавниот и приватниот сектор

ЦИВИЛ: Да градиме општество што промовира мир, толераниција и ненасилство

Меѓународниот ден на ненасилството се одбележува на 2 октомври, поклопувајќи се со роденденот на Махатма Ганди, лидер на индиското движење за независност и основоположник на филозофијата и стратегијата на ненасилство.

Овој ден е воспоставен во 2007 година, според резолуцијата на Обединетите нации A/RES/61/271 како можност „да се прошири пораката за ненасилство, вклучително преку едукација и јакнење на јавната свест“, секогаш „имајќи предвид дека ненасилството, толеранцијата, целосното почитување на сите човекови права и основни слободи за сите, демократијата, развојот, меѓусебното разбирање и почитувањето на различностите се меѓусебно поврзани и меѓусебно ги зајакнуваат, ја реафирмираат универзалната важност на принципот на ненасилство и желбата да се обезбеди култура на мир, толеранција, разбирање и ненасилство“.

ЦИВИЛ од своето основање во 1999 година ги следи принципите на ненасилство и заложба за човекови права и слободи. Како организација што се залага за свет во кој сите луѓе живеат во мирно и демократско општество, се бори за надминување на култот кон оружјето и го промовира начелото на потполна слобода на изразување, на Меѓународниот ден на ненасилство им порачува на граѓанките и граѓаните заеднички да ја прошириме пораката за сè поголемата потреба од активно учество во креирање општество кое негува толеранција, меѓусебно разбирање и почитување, градејќи заедници врз принципите на мир и ненасилство во решавање на конфликтни ситуации.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДКСК утврдила дека 12 пратеници од парламентраниот состав 2016-2020 година, по престанокот на функцијата не доставиле анкетен лист, а шест пратеници доставиле со задоцнување, информира денеска на прес-конференција Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска го потпиша Решението за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип.

Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи, очекувањата во периодот што претстои, како и дијалогот Белград-Приштина, беа тема на видео средбата што денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја имаше со Мирослав Лајчак,  посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина. 

Жените од Шуто Оризари  повторно ќе добијат гинеколог, откако докторката Вјолца Мбијара која дојде пред три години од Албанија, во почетокот на 2020 година ја затвори гинеколошката ординација во Шуто Оризари и се пресели во Сингилиќ.

Првата транша со износ од 80 милиони евра, од вкупните 160 милиони макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше посочено на првата официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

Во завршна фаза е изработката на ребалансот на Буџетот, а на почетокот на наредната недела се очекува да биде изгласан на Влада, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи по посетата на штипската компанија „Актива“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„ВМРО-ДПМНЕ размислува да отпочне постапка за импичмент против Стево Пендаровски, за кого сметаат дека е „дел од мафијата на Заев“, која функционира „многу подобро од Коза ностра“. Бидејќи Пендаровски прогласувал вонредни состојби заради вирусната епидемија во земјата. На кои тие пред неколку месеци инсистираа да се прогласат, а и ги спроведуваа – лошо! – додека беа дел од техничката влада.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Не е до „апчињата“, сепак е потребен нов конзилиум“.

Поенти на Џевдет Хајредини: Во Рамковниот договор никогаш не постоела можност да се вработат луѓе што ќе седат дома и ќе примаат плата

Нелогично е како вработени по Рамковниот Договор да се третираат тие кои повеќе од десет години од буџетот примаат пари без да одат на работа. Во Рамковниот Договор таква можност ниту има, ниту може да постои.

Со каков закон, кои услови ги исполниле, за да го стекнат тоа право до сега, за отсега да бидат вработени, како што вели Груби, „со лек специјалист“ (како што е цитиран), никому не е познато. Сепак, не е тајна дека првобитната евиденција е извршена во партиските ограноци.

A. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ