• Latest

Преглед на настани: Меморандум за соработка во услови на КОВИД-19, мерки за рестарт на економијата, Бугарија прифатила нон-пејпер за македонскиот идентитет и јазик

November 9, 2020

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Меморандум за соработка во услови на КОВИД-19, мерки за рестарт на економијата, Бугарија прифатила нон-пејпер за македонскиот идентитет и јазик

November 9, 2020 17:11
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Северна Македонија, Србија и Албанија потпишаа Меморандум за соработка во услови на Ковид-19

Меморандум за соработка во услови на Ковид-19 денеска потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија, Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.

Со Меморандумот меѓу другото се предвидува граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да ги минуваат границите и без ПЦР тестови, доколку граѓанин поради Ковид-19 се најде во болница во овие земји државата ќе го преземе трошокот за лекување, министрите за здравство и лекарите од трите земји ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства во борбата со коронавирусот…

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу нашите пријателски земји.  -Сакаме  да го олесниме животот  на нашите граѓани и  да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев кој потоа соопшти што ќе опфаќа оваа соработка.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

По македонските калдрми за Европа

Она што е карактеристично за ЦИВИЛите е тоа што не знаат да мируваат и да седат во канцеларија. Дури и во време на пандемија од Ковид-19, секако почитувајќи ги сите препораки и мерки за заштита од вирусот, ЦИВИЛ посети десетици општини промовирајќи ги европските вредности.

Тетово, Гостивар, Кратово, Старо Негоричане, Центар Жупа, Вевчани, Ростуше, Струга, Охрид, Неготино, Кавадаци, Росоман, Крива Паланка, Кочани, Штип, Виница, Карбинци, Битола, Прилеп, Могила, Новаци, Струмица, Босилево, Ново Село, Свети Николе, Кичево, Ресен… се само дел од рутата. Читајќи гласно кај се бевме, во момент се почуствував како Влатко Ѓорчев кога во минатото набројуваше во кој град победија… (ми останаа трамуми од детството).

Њузлетерот „Европа е наш дом“, или народски кажано мини весниче за промоција на европските вредности беше разделен на ијладници граѓанки и граѓани ширум земјата.

Рогожарска Поповска: Наместо со промовирање на кандидати, во Штип, за жал, секогаш се стартува со црна кампања

 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Бугарија во Берлин прифатила нон-пејпер во кој не се доведува во прашање македонскиот идентитет и јазик.

Министерот за надворешни работи  Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на онлајн конференција на министрите за правда, која се одржува под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа.

Антикорупциска: Именувањето на функцијата ВД директор одредени институции не го кориситат за да се надмине некоја времена состојба туку се користи како да е редовен начин за постапување на директор.

„Започнува реализација на шест мерки во рамки на Министерството за економија од Четвртиот сет на мерки на економски мерки на Владата за ревитализација и рестарт на економијата во услови на КОВИД-19“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година.

Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре.

СЛОБОНА ЗОНА 

„И повторно сме на истата позиција како години со ред: кога и да се појави меѓународен проблем што го решава „администрацијата“ на Заев – грчко вето, Преспански договор, НАТО, француско вето, бугарско вето… – опозицијата почнува да колне, да дречи, да сече вени, да прогнозира неуспех, национална катаклизма и предавство“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Вмровски меѓународни скараџии“.

„Децата не знаат да зборуваат. Тие учат да зборуваат додека растат. Децата не знаат ниту да мраат. И омразата ја учат додека растат. Децата кога се раѓаат, знаат само за љубов.  Тоа можат да го изразат многу убав, во секој поглед, во секој израз, во секое дело. Возрасните ги учат децата за многу работи, меѓу кои, и да мразат“, пишува Беса Арифи во колумната „На почетокот беше зборот…“

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ