• Latest

Преглед на настани: Поддршка на здравствениот сектор, нулта толеранција за насилство врз жените, ДКСК „преплавена“ со постапки од граѓани…

November 11, 2020
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Поддршка на здравствениот сектор, нулта толеранција за насилство врз жените, ДКСК „преплавена“ со постапки од граѓани…

November 11, 2020 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Поддршка на здравствениот сектор, економска стабилност и забрзан раст со буџетот за 2021

Со Предлог Буџетот за 2021 година се планира раст на економијата во државава од 4,1 процент, буџетски приходи во износ од 212,6 милијарди денари и расходи од 247,5 милијарди денари, буџетски дефицит од 4,9  проценти од БДП, како и капитални инвестиции во износ од 23 милијарди денари, соопшти денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Буџетот за 2021 година што го усвои Владата и ќе биде проследен до Собранието, како што рече Заев, е за економска стабилност и забрзан раст со долгорочна фискална консолидација.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шахпаска: Нулта толеранција за насилство врз жените и семејното насилство е наш главен приоритет

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Царовска: Кога истакнуваме различности, да ги истакнуваме како позитивни вредности

Актуелната министерка за образование и наука, Мила Царовска, може да се пофали со богато портфолио како во политиката, таа и во граѓанскиот сектор. Од граѓанска активистка до најуспешна министерка во првиот состав на Владата предводена од Зоран Заев, во тоа време во Министерството за труд и социјални политики, до предводник на нова иднина на образованието во нашата држава.

https://www.youtube.com/watch?v=5XKdPZAu5ZM&feature=emb_logo

Луксузните коли не загадуваат, доследноста на вмровците, влада за национален спас со Наќе, Рашела и останатите генијалци…

Потпалувачкиот пост на Апасиев поттикнува желби за „второ полувреме од 27 април“

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Музички уметници ја поддржуваа кампањата „НосамМаска“. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите, соопштува Министерството за здравство.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека средствата што биле наменети за одржување на празничниот концерт, по повод Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, огнометот и новогодишното украсување на градот ќе бидат наменети за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, која ќе се користи за онлајн настава за учeниците.

Исклучоци за мерката за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор.

Министерството за животна средина информира дека вчера на владина седница била усвоена Предлог-измената на Законот за прекршоци со која се предвидуваат до 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина. 

ДКСК „преплавена“ со постапки од граѓани кои бараат спас за разни судски постапки, работи спорови, денационалнизации, огаси за вработување, со еден збор за нефункциниорањето на другите институции во државата.

Пратеничката група на СДСМ вчера во процедура го достави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.

Помалку непочитувања на здравствените протоколи забележале инспекциските служби во текот на минатата недела, што според претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, најверојатно се должи на зголемените ингеренции на испекторите.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Читајќи ја изјавата на Каракачанов по вчерашниот регионален состанок на Берлинскиот процес во Софија, баш слатко се изнасмеав! Тој во изјавата по средбите, меѓу другото, вели: „Од тука натаму сè е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да коригираат сè што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори со Северна Македонија.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Пусти Каракачанов, ме изнасмеа!“.

„Конечно, после неколкудневна медиумска експонираност заврши американското реално шоу за избор на претседател. Не баш налик на она од пред десетина години кога претприемачот Доналд Трамп го бараше својот најблизок соработник, но со доволно внимание за да влезе во аналите на медиумското известување. Генерално сите досегашни избори по завршувањето на студената војна предизвикуваат големо внимание во јавноста, како во САД, така и во останатиот свет. Но поради зголемениот опсег на информирање денес од страна на мас медиумите, изборот на 46-от претседател на САД исфрли во етер до сега рекорден број на информации поврзани со целата кампања“, пишува Гордан Стошевиќ во „Бизарноста на американската изборна кампања и падот на претставничката демократија“.

А. П.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ