• Latest

Преглед на настани: Цивил во Гевгелија со дебата за пописот, разрешен директорот на струшката болница, Мерко потрошил 27.500 за една година само за јадење по кафеани

March 17, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Цивил во Гевгелија со дебата за пописот, разрешен директорот на струшката болница, Мерко потрошил 27.500 за една година само за јадење по кафеани

March 17, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ на панел дискусија во Гевгелија „Попис: Статистика, не политика“

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ во Гевгелија. Градоначалникот Сашко Поцков, членот на советот на општината, Ристо Камов, од редовите на Социјалистичка партија и претседателката на пописната комисија за реон 11, Ката Ристова говореа за значењето на пописот за развојот на општината, подготовките и начините за спроведување на пописот во реонот 11, како и за политизацијата на оваа статистичка операција.

Иако беа поканети, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет, не најдоа време за учество. Сепак, опозицијата беше претставена преку советникот од Социјалистичка партија, а организаторите ги претставија ставовите на опозицијата и преку видео снимки. Говорниците беа едногласни во ставот дека попис е потребен за спроведување на развојните политики и стратегии за Гевгелија, која своевремено беше една од најбогатите општини во некогашната југословенска федерација.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Филипче: Директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани, ќе биде разрешен поради случајот со родилката Веапоска

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска соопшти дека директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен поради случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која по породувањето и беа извадени три органи.

„Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен нов директор. Во тек се сите други постапки во однос на активностите и на другите институции кои беа вклучени во овој случај“, изјави Филипче.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АПЕТИТ Рамиз Мерко од општинскиот буџет потрошил фантастични 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани. Во изминатите три години, односно за 2018-2020 потрошени се речиси 78 илјади евра од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“.

ПРАВДА „Доколку ниту еден орган не преземе дејствија за расчистување на сомнежите за набавката на софтвер поврзан со Драги Рашковски, ние веројатно ќе отвориме предмет“, вели шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“.

ПОПИС Дерала во Утрински брифинг: Ја повикувам опозицијата на локално ниво да не се двоуми да разговара за пописот.

ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО ЦИВИЛ е во потрага по соработници и волонтери за организацијата, како и за медиумската платформа. Се разбира, предност имаат активните поддржувачи и членови на организацијата кои деновиве ќе добијат насоки за аплицирање и за ажурирање на нивното членство.

КОВИД-19 Освен веќе воведениот полициски час, нови рестрикции засега нема да има.

Сто и шестнаесет случаи на реинфекција се регистрирани во земјава заклучно со вчерашните податоци, од кои двајца се починати. Ова се должи пред се на непочитување на мерките, особено на оние лица кои веќе го прележале вирусот и кои сметаат дека повторно не можат да заболат, смета Караџовски.

РЕФОРМИ Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа – ова се трите столба од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, процес кој го спроведува Министерството за финансии.

Во Собранието уште има закони од четвртиот пакет, опозицијата да не блокира, туку да нуди решенија.

ДИПЛОМАТИЈА Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Швајцарската Конфедерација оствари средба со Игнацио Касис каде во фокусот на разговорите беше збогатување на билатералните односи, преку интензивирање на договорната состојба, економската соработка, состојбите поврзани со КОВИД-19 пандемијата, актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, како и соработката во бројните мулатилатерални организации.

ВАКЦИНИ Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир од Тетово порача дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. Тој образложи дека ЕУ посакува да се обезбедат вакцините од самиот почеток, но потенцира дека работата е уште потешка поради постојаното зголемување на бројот на заразени.

ПОПИСОТ И РАЗВОЈОТ „Резултатите од Пописот ни требаат за да имаме основа за донесување на развојни политики засновани врз прецизни податоци кои повторно, ќе бидат од директна полза на граѓаните, од полза на нашата дијаспора“, истакна Османи за време на работната посета на Швајцарската Конфедерација на средби со повеќе наши граѓани.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ете, така, полека но сигурно, Македонија останува една од ретките земји во Европа (а веројатно и во светот) во која ретроградните политички формации во редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат општествената стварност, бидејќи продолжуваат да ја гледаат со очилата на некои изминати векови – не само во идеолошка (за што секојдневно си се расправаме), туку и во технолошка смисла. Заради таквата „дигитална примитивност“, во услови на пандемија, овој состав на Собранието не е во состојба да си ја врши својата клучна демократска работа – да предлага, да расправа и да усвојува закони неопходни за, колку-толку, нормално функционирање на општеството. “ пишува Сашо Орданоски во колумната „Скандалите се моќна алатка – визијата е закон!“

„Создавањето на општа ѓурултија од плуканици, навреди, лаги, насилство и омраза, во која е тешко се препознава кој е добар а кој лош, кој вреди а кој не вреди, е одлична магла. А во маглата, се знае, ловат волците, а страдаат – овците.

Да не должам со опис на симптомите на проблемот и болеста што ја гледате, знаете и чувствувате секој ден. За да не биде ова уште една празна ламентација над позната хронична состојба, Младиќот и кристалната топка, како и секој пат, ќе ви понудат и чаре и лек, а како рекле старите, добрите лекови не чинат ни пет пари.“ пишува Петрит Сарачини во колумната „Ако плукате и ги „стрелате“ најдобрите, кој ќе го изнесе општеството од рововите и плукачката војна?“

„Метафората е „културен багаж“, што се однесува на ставови или очекувања „спакувани“ во нашите домашни култури што ги носиме со нас. Овие скриени содржини можат да влијаат на меѓукултурните средби, да ја прикажеме сликата на нашата земја каде и да патуваме, со цел да се придонесе во привлечноста на туристите,  затоа што Република Северна Македонија е позната по мултикултурализмот. Поради тоа што едно заедничко за сите нас е турскиот чај кој се спрема со векови, а можеме да го најдеме во старата скопска чаршија. Во летниот период се чудиме дури и ние самите како може да седнат група странци во чајџилница и да го пијат тој чај, а ние да го оставиме на страна поради несогласувањата за ништо! Или на некој ќе му пречи јазикот на другиот, а скоро сите носиме иста облека, за разлика од другите во светските метрополи, кои се шетаат по улиците со носиите од нивните краеви од каде се дојдени.“ пишува Сафит Зеќири во колумната „Носење незабележан „културен багаж“

“Национализмот, шовинизмот, расизмот е секаде околу нас, се раѓа одново, се негува, слави, протиња прво како голем бизнис на Мастер фашистите, големите скриени фирери, кои под капата на човековите слободи и права ги хранат и плаќаат оние бараби што тоа најголемо зло и опасност по нашите деца и животи јавно го манифестираат и слават. Целта е сè што е страно, различно, нееднакво, да се прогласи за причина за сите неволји, неуспеси, несреќи, омрази и војни и со нова света и „патриотска“ војна да се грабне власта“, пишува Перо Арсовски во денешната колумна „Борбата против фашистите е вечна“.

И. Крџиќ

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ