• Latest

Преглед на настани: Зацврстување на добрососедски односи за поголема шанса во ЕУ, #ГраѓанскиФорум на ЦИВИЛ…

October 9, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Зацврстување на добрососедски односи за поголема шанса во ЕУ, #ГраѓанскиФорум на ЦИВИЛ…

October 9, 2020 17:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Османи на средба со Борисов и Захариева: Историска шанса за европска интеграција на регионот која не смее да се пропушти

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари работна посета на Република Бугарија, за време на која се сретна со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во фокусот на средбата беа билатералните односи меѓу двете држави и напредокот на Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, потврдувајќи дека европската перспектива е гарант за стабилност и просперитет на Регионот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

СКЕН – политички магазин: Субвенционирање на приватни компании по партиско-етнички клуч

ЦИВИЛ денеска одржа инфо-штандови во Велес, Градско, Росоман, Кавадарци и Неготино посветени на промоција на европските вредности и интеграции, како дел од активностите со проектот „Европа е наш дом“.

Излезе осмиот број на весникот на „Европа“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, посветен на европските вредности и човековите права.

Весникот произлегува од проектот „Европа е наш дом“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и каде се објавуваат најчитаните и највлијателните содржини поврзани со темите на проектот, објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ .

ЦИВИЛ денеска го покренува прашањето за мерките за заштита од коронавирусот. Граѓанките и граѓаните се поканети да учествуваат во креирањето на мерките, како што имаат право да учествуваат во креирањето на политиките и практиките во целост.

Прашањето денеска гласи: #ГраѓанскиФорумЦИВИЛ: Дајте го своето мислење, забелешки и препораки за мерките за заштита од коронавирусот. Што е добро, што не е и што треба да се направи?

ФЛЕШ ВЕСТИ

Скапи компјутери, единствената опција за учениците -ЦИВИЛ Медиа одлучи да направи истражување за компјутерите што треба да ги имаат учениците, за да ја следат наставата на интернет без никакви пречки.

Светската програма на ОН за храна ја доби нобеловата награда за мир за 2020 година

Шахпаска: Успешната приказна со деинституционализацијата продолжува, остануваат околу 270 лица за сместување во мали групни домови

Истражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата

Собранието изгласа законски измени за мерката „Викенд без ДДВ“

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура.

Спасовски: Останува Уставното загарантирано право за неповредливост на домот, полицијата ќе постапува само по пријави

СЛОБОДНА ЗОНА

„Хроника на една најавена катастрофа“на Сашо Орданоски, тема пандемијата, бројките, статистиките и што понатаму…

„Не треба да се очекува повеќето западнобалкански корумпирани политичари, трговци со патриотизам, освен декларативно, да го прифатат ставот на ЕК содржан во Годишниот извештај, дека Комисијата има за цел јакнење на регионална економска интеграција меѓу шесте партнери, зашто тоа не е скршнување од европскиот пат, туку директна можност за создавање економски раст“, поентира Џевдет Хајредини.

„Што сака да каже и да постигне овој премиер Заев? Кај не дозволува сите да испоцркаме од коронавирусот, па и од НАТО обезбедува помош, сега сака да испоцркаме од досада! Не оди така! Балканскиот регион не знае, ниту треба да знае за предвидлива, перспективна и опиплива иднина. Од искона до денес, сите ние си живееме во регион каде што никогаш не е досадно, туку е како во крвав крими-акционен филм“, пишува Џабир Дерала во денешниот рафал „Скандалознa средба меѓу Заев и Столтенберг“.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ