• Latest

Преговори – НЕ. Амнестија – НЕ. Истрага и правда – ДА.

October 17, 2018

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Преговори – НЕ. Амнестија – НЕ. Истрага и правда – ДА.

October 17, 2018 09:04
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Стаса и тој абер од Америка. Кратко, кристално јасно и едноставно, без дипломатски флоскули, високиот американски функционер му пиша на Мицкоски. Му порача да ги ослободи пратеничките и пратениците од закани. Сѐ што му напиша Вес Мичел на Христијан Мицкоски ја сублимира добрата намера на демократскиот свет за Македонија, па дури и кон самата партија на чие чело се наоѓа Мицкоски овие денови. Уште малку…

Џабир Дерала

Очигледно, завршија деновите кога Мицкоски беше на листата на лица што треба да се посетат кога светските големци доаѓаа со добри вести во Македонија. Од тие средби нешто е познато, а нешто се нагаѓа, но извесно е дека сите, од Федерика Могерини и Јоханес Хан до Ангела Меркел, една од најмоќните личности во светската политика, се обидоа во тет-а-тет средби да го поучат Мицкоски на некои основни лекции од политиката. Не знам за математика, има луѓе што го спорат и таму, но стана јасно дека на математичаров никако не му оди политиката. Особено не онаа што ќе ѝ донесе нешто добро на Македонија.

Со ова писмо, веќе и официјално се потврдува дека светот знае за притисоците што ги трпат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Мицкоски и од тие околу него, јас би додал, неговите ментори и стопани. Владата на Соединетите Американски Држави, преку писмото на Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, бара од Мицкоски:

„Да создадете простор, јавно и приватно, за членовите на парламентот од вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните измени, ослободени од закани за насилство, одмазда или други форми на принуда“.

Значи, насилство, одмазда, принуда… Тоа е долгогодишниот дрил на секој што сакал да се искачи на високото и стрмно скалило на моќта во тоа што Мицкоски злокобно го нарекува „Организацијата“ („Организацијата е народот, народот е Организацијата“). Е, па редно е да престане ова мачно и насилничко лудило.

Ова, секако е сигнал за поддршка за премиерот Заев кој многупати христијански мирољубиво и гандиевски трпеливо нудеше и нуди и тоа што не мора и не треба. Ова е сигнал за Заев и за неговата влада дека е време да се зафати со тешка и напорна работа и да изгради правна држава, во која нема место за партиски пазарења зад затворени врати. Жолтиот картон што го доби Мицкоски во форма на писмо, без разговор, краток и смрзнувачки директен, не му ветува уште долго игра на теренот.

Ако и дојде до преговори, тие треба да траат само неколку минути, отприлика колку што е потребно да се прочита и писмото на Вес Мичел. Во тоа време, без насмевки и ракување, на Мицкоски треба да му се соопшти дека нема да добие ништо од тоа што му се ветуваше на катастрофално неуспешните лидерски средби што тој и неговата придружничка сесрдно ги минираа. Треба да му се соопшти само дека може да се слика со своите барања и да престане со заканите. Бидејќи, за „закани за насилство, одмазда или други форми на принуда“ постојат сериозни одредби во Кривичниот законик.

Нема простор за преговори, туку за темелна истрага, по што правосудните институции ќе имаат обврска да постапат. Таа истрага, секако, не смее да ја заобиколи вилата на Водно, каде што Ѓорге Фикус Иванов се притаил деновиве во некоја лоѓија. А насилниците од 27 април што се сега во притвор, домашен притвор или тукушто ослободени, кај да е, ќе „пропеат“ кој е архитектот на ѕверските насилства.

Крајно време е за избори. Но, внатре, во ВМРО. Ако сакаат да си ја спасат партијата, членовите на оваа партија мораат да ја демократизираат. Имаат терк, реформаторите како Петар Богојевски, Александар Михајлоски и други, своевремено подготвија статутарни измени и демократски процедури што ќе ѝ отворат пат на партијата кон модерниот свет и солиден, ако не и решавачки, резултат на некој од наредните изборни процеси.

Во меѓувреме, членовите и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат историска шанса да бидат дел од историскиот од кон подобрата иднина на нашиот заеднички дом, Македонија.

Друга приказна се тие што си ја продале душата и образот на криминалното и политичкото подземје финансирани со валканите пари на Фамилијата и со рубљите на Путин. Пристојни луѓе мораат да ги изолираат и да си продолжат со животот, како што Мицкоски и неговите стопани во моментов се најизолираните души во Европа.

Ова е пресуден миг кога религијата од било кој континент треба да ја замени политичката мудрост и решителност да завладее правото. Без амнестија. Добро, за сведочење што ќе ги одведе институциите на правдата до прагот на Кумовите, може да се биде милостив, што исто така е предвидено во законот.

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: Вес МичелВМРО-ДПМНЕЗаевзаканиМакедонијаМицкоскипарламентСАДуставни измени
Share190TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ