• Latest

Преспанскиот договор погрешно се толкува, личните документи треба да се сменат до февруари 2024 година

August 21, 2023

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Преспанскиот договор погрешно се толкува, личните документи треба да се сменат до февруари 2024 година

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие можат да се користат надвор од државата и се опфатени со техничкиот период наведен во Договорот кој почнува пет години од неговото стапување во сила

August 21, 2023 08:56
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на Фејсбук тврди дека според Договорот од Преспа, личните документи треба да се сменат со новото име Северна Македонија, откако државата ќе почне преговори со ЕУ. Ова не е точно.

Прашањето е: Зошто Владата не условува документите да бидат променати до Февруари?!?!, стои во објавата што ја анализираме.

Во неа е споделен и текст  кој го цитира членот 10 од Договорот од Преспа, но погрешно го интерпретира.

Maкедонија на никој начин не е принудена личните документи на граѓаните да ги промени до февруари следната година. Договорот од Преспа јасно предвидува дека промената на личните документи треба да го следи отворањето на поглавјата со ЕУ и тоа да заврши пет години оттогаш, се наведува на почетокот од текстот.

Понатаму текстот го цитира членот 10 од Договорот од Преспа и наведува дека во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“.

„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во членот 1, став 3 од оваа Спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа Спогодба. б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш, стои во написот.

Точно е дека во членот 10 од Договорот кој се однесува на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од македонските власти, наведени се два преодни периода, „технички“ и „политички“, но тие се погрешно интерпретирани во написот споделен во оваа објава на Фејсбук.

Според тоа, датумот 12 февруари е измислен од Владата и на никој начин не е поврзан од неопходноста за промена на личните документи-пасоши и лични карти со новото уставно име. Уште помалку тоа треба да се врзува со учество на избори, бидејќи документите се важечки и личната карта е исклучива за внатрешна употреба како и што е наведено во Договорот од Преспа, пишува во написот.

Но, ваквото објаснување кореспондира со она што е наведено во Договорот. Имено, менувањето на личните документи со новото име на државата, не е поврзано со отворањето на поглавјата со Европската Унија. Во членот 10 од Договорот од Преспа јасно стои: „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во членот 1, став 3 од оваа Спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа Спогодба.

Значи оваа одредба се однесува на документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата, а такви документи се личната карта, пасошот и возачката дозвола. Тие треба да се сменат во рок од пет години од влегување на сила на Договорот. Имајќи предвид дека Договорот стапи во сила во февруари 2019 година, документите треба да се променат во февруари 2024 година.

Личната карта и возачката дозвола се менуваат затоа што тие се документи за внатрешна употреба, но можат да се користат и надвор од државата. Граѓаните на Северна Македонија со лична карта можат да патуваат во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Што се однесува до македонската возачка дозвола таа е важечка во неколку земји, односно, според склучените договори имаат важност во некои европски земји каде се признаени.и тие се јасно наведени на веб-страницата на МВР.

Политичкиот период се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Македонија и тој зависи од отворањето и затворањето на преговорите со ЕУ.

Според сето ова, можеме да заклучиме дека граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува од Договорот кој го потпишаа С. Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие можат да се користат надвор од државата и се опфатени со техничкиот период наведен во Договорот кој почнува пет години од неговото стапување во сила.

Според тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

Извор: Вистиномер

Tags: лични картиМВРпасошПреспанскиот договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ