Државната изборна комисија заклучно до 13 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk примила вкупно 862 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка.
Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 72, во Лондон – 69, во Торонто – 57, Љубљана – 48 и Канбера – 36.
Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден вкупно 1967 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 295, Струмица – 148, во Радовиш – 128 и во Прилеп – 104.
ЦМ