• Latest
Мимоза Петревска

Приказни од Aбсурдистан

July 9, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Приказни од Aбсурдистан

July 9, 2023 17:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Мимоза Петревска

Мимоза Петревска

Share on FacebookShare on Twitter

МИМОЗА ПЕТРЕВСКА

Вчера ја носев ќерка ми Илина на забар, имаше прилично тешка интервенција, се враќам дома, колата ја паркирам како и 20 години наназад, на улицата каде што живеам (уредно си вадам маркица во ПОЦ). Излегувам вечерта гледам колата ми ја нема. Панично се обидувам да се сетам каде ја паркирав, да не нешто умот ме лаже.

Вртам во пајак служба на ПОЦ – да тука ви е колата ми одговара вечно нервозниот службеник (разбирливо). Она што не е разбирливо е – зошто ми ја кренале колата од место предвидено за паркирање.

На пријава од граѓанин – ми се врекнува – сте блокирале влез!?

Каков влез – луто му враќам. Таму нема влез.

Во документот од полицијата пишува дека сте блокирале влез и тоа за мене е единствен валиден документ.

Се држам за глава, се крстам со двете раце. Прво – никаков влез нема на местото каде што се паркирав. Но затоа пак има комшија којшто мисли дека не само зградата во која живее е целосно негов проперти, туку и тротоарот, а и дел од улицата . Неуморно реди бетонски парчиња и го попречува нормалното паркирање, никој ништо не му може, затоа што редењето бетонски блокови по улици е сосема легална работа.

А освен тротоари на овој потег нема место за паркирање откако некогашниот паркинг го пренаменија во игралиште (ПОЦ мирно си спие, штанца казни а паркинзите и нивното постоење и одржување ги препушта на господ).

Дотичниот комшија од за мене непознати причини свртел телефон и пријавил дека некој му го блокирал влезот. А влез на тој потег нема– само метална ограда низ која се провираат мачки ( и тие му пречат).

Зградата има два широки влеза, еден за жителите и еден поширок влез за автомобили. Двата уредно проточни. Но тој вика полиција, прогласува влез на место каде што нема – среде ограда и полицаецот прави пријава врз основа на овој исказ, а при две очи!?

Е тука веќе мојот мисловен апарат трокира. Кој е овде луд? А кој полуд?

Се расправам со службеникот од ПОЦ, тој ме пренасочува кај полицијата – овие бело ме гледаат. И што ќе кажат: госпоѓо ние не сме ја пишале таа казна. Колегата ја пишал. Славната отстапница – ние не сме, некој друг е. Ко да има 29 полициски служби. И никој нема појма што прават другите.

Ги гледам – постар и помлад.

Постариот глуми авторитет и гледа да ме откачи, помладиот ме слуша што се обидувам да кажам и незгодно му е, се врпољи. За некоја година и тој ќе стане ко колегата – ќе вика – што да ви правам госпоѓо, тоа е процедурата, идете жалете се, ама колата тука ќе остане додека не си ја платите казната.

Не ме боли толку плаќањето (иако сумата е позамашна), ме боли, па малку е да се каже, неправдата… апсурдот, баналноста, лошотијата, јавашлукот, незаинтересираноста, неодговорноста и лудилото, комплетно лудило.

Возам повеќе од 30 години, немам ниту еден сообраќаен прекршок, но затоа ПОЦ ми штанца казни затоа што сум паркирала на неозначено место за парирање во срцето на пренаселеното Дебар Маало, каде нема ниту еден паркинг и буквално од пред влез ми ја земаат колата.

Не можам да го заборавам велелепниот предизборен говор на градоначалникот на Општина Центар – како он ете тука на местото на некогашниот локален паркинг ќе направи игралиште. И насобраните ракоплескачи каков бурен аплауз дадоа, а јас се саштисав бидејќи го знам она што го знае и ценетиот градоначалник – дека дури сега не ќе можеме пешки да се разминеме, а не со автомобил.

Му пријдов и ко што беше еуфоричен и распоздравуван со сите, по грешка и со мене се поздрави, па ја искористив приликата и му кажав дека сега не ни останува ниту едно паркинг место, а наоколу се изградија еден куп нови згради на чело со монструозната дивоградба зад некогашна Липа.

Ме загледа потсмешливо и ми вика – госпоѓо вие само за паркинзи зборите (цело време сум на точак), па треба и младите да спортуваат, да се дружат. Ама ете ќе ни учини нам неспортистите, да не се грижиме, ко што рече, ќе направи паркинг на местото на ПУИГ.

Си реков, добро, подалеку е тој ПУИК, ќе попешачиме малку со торбите од пазар по дождови и снегови, ама барем да не се провираме низ уличињава со нервози.

Ни паркинг ни бутур до ден денешен! Само столпчиња на секој чекор (нема поглуп начин за регулирање сообраќај), само нови и нови згради, нови градилишта, целосен хаос во населбата и градоначалник што вози велосипед само ако треба да се слика.

Одржав само уште еден нервозен и беспотребен говор пред претставници на глуви институции, си платив казна (уште не знам за што), али циркус не одлази из нашег града…


Текстот е личен став на Авторката.
Tags: казнаопштина центарпаркингполицијаПОЦ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ