На протестот на здружението „За заедничка Македонија“ во Прилеп, во средата, во колоната на граѓаните коишто се движеа низ центарот на градот, беа и камиони кои пренесуваа мермерни блокови!
Секако, ова предизвика голема реакција меѓу многумина прилепчани. Граѓанскиот новинар Рубин Секулоски, ни испрати фотографии и вест од настанот, во која се прашува, кој го дозволил движењето на вакви тешки товарни возила, кои инаку, не смеат да се движат низ градот, бидејќи сериозно ги оштетуваат улиците на кои создаваат ударни дупки. Според граѓанскиот новинар, протестот бил обезбеденуван од полицијата, која не реагирала ниту интервенирала.
Граѓанскиот новинар сака да ја информира целата македонска јавност, но и да го пренесе несогласувањеѕто на дел од прилепчан(к)ите , според кои, со ваквите чекори на власта, протестите на „За заедничка Македонија“, веќе излегуваат од контрола.