• Latest

Прилепчани бараат од градоначалникот Ристески да ги исполни предизборните ветувања!

June 28, 2016

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прилепчани бараат од градоначалникот Ристески да ги исполни предизборните ветувања!

June 28, 2016 19:29
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стотина жители на улица „Пере Тошев“ од Прилеп се чувствуваат крајно изневерени затоа што, како што тврдат, градоначалниикот Марјан Ристески не ги исполнил предизборните ветувања за нивниот децениски комунален проблем.

Тие бараат да се урне дивоградбата на улица „Александар Македонски“ бр. 168 и да им се отвори пешачка патека. Тврдат дека законска пречка нема, зашто пешачката патека била предвидена и со Деталниот урбанистички план. Но, ја обвинуваат локалната власт, особено градоначалникот Ристески, за неисполнување на изборните ветувања, кои тврдат, нему му донеле и избирачки гласови од сите жители на улица „Пере Тошев“.

https://www.youtube.com/watch?v=7eYZe2VS7dA

Гоце Колески, жител на ул. „Пере Тошев“ од Прилеп

Законскиот полномошник на жителите на ул. „Пере Тошев“, адвокатот Жаре Стеваноски тврди дека нема никакви законски пречки за да се оствари барањето за отворање пешачка патека. Затоа вели, итно ќе поднесе писмено барање до општинската администрација,за да се урне и останатиот дел од дивоградбата на ул. „Александар Македонски“ (поранешна „Моша Пијаде“), а во зависност од постапката на градежната инспекција, ќе преземе и натамошни мерки.

Жаре Стеваноски, адвокат

За овој проблем побаравме одговор од локалната самоуправа. Од Одделот за односи со јавност не упатија на адреса на кабинетот од градоначалникот Ристески. Но, шефицата на кабинетот, Марија Секулоски не одговори на телефонскиот повик, ниту на електронската и на на СМС пораката.

Ваквиот однос на прилепската локална самоуправа станува практика, веќе подолг период, при секој обид да се добие конкретен одговор, за конкретен проблем на кој се жалат граѓаните. Со ова се попречува процесот на објективно и балансирано информирање на јавноста. Иако локалната самоуправа и градоначалникот се институции кои не само законски, туку и морално, треба да одговараат на сите реакции и барања на граѓаните, зашто од нив го добиле легитимитетот, но и обврската – да одлучуваат и да ги решаваат нивните проблеми.

Текст и видео: Моника Талеска

Tags: Градоначалник РистескиМакедонијаМаниоулацииПрилепул. Пере Тошев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ