• Latest

Притвор за полицаец од Кочани за шверц на дрога

April 13, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Притвор за полицаец од Кочани за шверц на дрога

April 13, 2018 11:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски службеник од Кочани при спроведени посебни истражни мерки е фатен во недозволена продажба на дрога – марихуана по што од страна на јавен обвинител му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Како што соопшти Јавното обвинителство на РМ, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – полициски службеник на кој му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

– Врз основа на претходни сознанија и примена на посебни истражни мерки, на 11-ти овој месец во Кочани по наредба на јавен обвинител од страна на Министерството за внатрешни работи е спроведена акција во која е фатен полициски службеник при продажба на 26,2 грама дрога – марихуана. Осомничениот е задржан во Полициската станица во Кочани и во текот на вчерашниот ден е изведен пред судија на претходна постапка.

Имајќи ги предвид околностите, тежината на кривичното дело и запретената казна од три до десет години затвор, надлежниот јавен обвинител, се наведува, оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор од член 165 став 1 т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка.

– Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка – Притвор кој е прифатен и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РМ. 

[divide]

Извор: МИА

Tags: дрогакриминалполицаец
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ