• Latest

Прекршувањето на човековите права низ граѓанскиот објектив

June 16, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прекршувањето на човековите права низ граѓанскиот објектив

June 16, 2016 11:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанското новинарство во Македонија претставува нов концепт што ЦИВИЛ – Центар за слобода веќе девет месеци го промовира преку проектот “Граѓански објектив”. Граѓанските новинари кои секојдневно испраќаат фото и видео содржини што сведочат за прекршувањата на човековите права и слободи, се последната барикада на слободните медиуми, последната линија на отпорот против корпоративната политика на корумпираните моќници.

13346181_980544068730729_9115310559766199178_o

Во изминатиот период, како што изјави претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, за Fair Press, “граѓанските новинарки и новинари му дадоа ново темпо, нова енергија на ова време – невреме. Тоа што медиумите одбираат да го прикријат, граѓанските новинари го откриваат. Тие се нивите воини на страната на фактите и вистината. Граѓанските новинари истражуваат, снимаат, фотографираат, прават интервјуа, прибираат сведоштва и докази за сè што моќниците го кријат преку своите медиумски манипуланти”.

Текстовите, фото и видео содржините кои ЦИВИЛ ги објави и награди во рамки на натпреварувачките циклуси “Биди граѓански новинар”, ги поместија стандардите во објавувањето на фактите и вистината.

Во пресрет на новиот циклус, кога ќе се доделат последните пет награди за граѓанските новинари, потсетуваме на сите теми, проблеми, на прекршувањата на човековите права, на изборните манипулации, на притисоците и заканите, на мобингот на работното место, на партиските притисоци врз социјално загрозените лица…, за кои сведочат пријавите кои се дело на сите оние граѓанки и граѓани кои сакаат да направат промена преку објективното известување.

Последните пет награди кои ги додели ЦИВИЛ, се однесуваат на злоупотреба на службени ресурси во партиски цели во Крушево. Фото-веста, „Користење на службени возила за партиски цели“ , зборува за непостоењето на поделба, односно за киднапирањето на државата и државните институции од партијата на власт.

Од Тетово ни пристигна видео-веста „Ниту нивните гревови не ги даваат…“ , приказна за манипулациите со неисполнетите ветувања и со партиските притисоци врз ромските гласачи.

13411755_984398151678654_3025387662317242692_o

Награда доби и видео материјалот „Неовластено снимање во Битола“ , која сведочи за неовластено снимање од вработен во СВР, на протестите на Шарената револуција.

Граѓанскиот активизам во борба против урбаната мафија во општина Карпош, преточен во веста: „Граѓаните од Тафталиџе го бранат паркот од општинските власти“, е уште еден од наградените прилози.

Веста: „Приведен возачот на комбето на Шарената револуција“ е пример за тоа како граѓанските новинари кои секојдневно се на терен, можат први да информираат за тоа што се случува. Со брзата реакција на граѓанската новинарка, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа имаше можност прва да ја алармира јавноста за приведувањето на возачот и совозачот на комбето на Шарената револуција, под силно полициско обезбедување, непосредно по завршувањето на протестот под мотото „Хорхе ти си срам за Македонија“, одржан на 30 мај.

13254910_967990569986079_3621048590426844251_o

Претходните награди кои ЦИВИЛ ги додели се стории кои сведочат за притисоците со кои се соочуваат сите кои размислуваат различно од паријата на власт, независно дали станува збор за единствениот орален хирург во Источна Македонија, или се работи за уредникот на единствениот медиум во Берово. Сториите на граѓанските новинари, потврдуваат дека власта е безмилосна кон секого кој гласно говори против деструктивните политики во сите сфери од живеењето.

Притисоците врз невработените лица, со закани и уцени од Агенцијата за вработување, за бришење од евиденцијата на невработени, како и злоупотребата на лични податоци и телефонски повици за дополнителни проверки, непосредно по завршувањето на теренската проверка на Државната изборна комисија, се наградените стории кои пристигнаа од граѓанските новинари токму од Битола.

Општини без гинеколог, смртни случаи на родилки, бебиња кои умираат при породување, се само дел од резултатите на лошите реформи во здравството. Според фото-содржината која пристигна од граѓанскиот новинар од Скопје, тоа не е пречка за гинекологот во амбулантата во општина Петровец, да побара да биде првиот кој ќе биде известен и за „планирање на бременост“ во семејствата.

И протестите кои се случуваат секојдневно низ градовите во Македонија, беа дел од проектот „Граѓански објектив“. Дел од наградените видео и фото стории, се однесуваат на продемократските протести, испратени од граѓанските новинари и активисти. Тука не изостануваат ни заканите и уцените, за присуство на контра-протестот во Скопје, кога беа носени контра-демонстранти од цела Македонија, како и бришењето на натписите испишани од демонстрантите на Шарената револуција.


За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на civil.macedonia@gmail.com, а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.

Наградите беа доделени во рамки на  проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, финансиран од National Endowment for Democracy.

Tags: граѓански новинариМакедонијаМедиуминаградиПротестЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ