Граѓанското здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ во соработка со ТВ Плус Куманово вчера премиерно ја прикажаа првата епизода од документарната серија ,,Инклузија“ на тема социјална заштита на лицата со попреченост и нивните семејства.Серијата е дел од проектот „Инклузија преку медиумите“, со финансиска поддршка на Европската унија.
Серијалот од пет емисии ќе се имплементира со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“.
Тема на првата епизода е социјална заштита на лицата со попреченост. Репризата може да се погледне во сабота на ТВ Плус Куманово.