Рускиот ракетен терор продолжува. Агресорот, соочен со постојани неуспеси на бојното поле во војна што требаше да трае само три дена, а трае три години, со несмалена жестина ги гаѓа невините цивили и нивните живеалишта и инфраструктурни објекти.
Во претходна видео објава, украинскиот претседател Зеленски соопшти дека „во текот на неделата агресорот користеше речиси 140 ракети од различни типови, повеќе од 900 наведувани авијациски бомби и над 600 ударни дронови“.
Подготви: Џ. Д.