• Latest

Зеленски: Масивен комбиниран напад на руските терористи врз сите региони на Украина, 140 воздушни цели се соборени, сочувство за настраданите, благодарност до силите на одбраната, на светот му е потребно единство да се сопре ова зло

November 17, 2024

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Масивен комбиниран напад на руските терористи врз сите региони на Украина, 140 воздушни цели се соборени, сочувство за настраданите, благодарност до силите на одбраната, на светот му е потребно единство да се сопре ова зло

November 17, 2024 11:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По најновиот масивен комбиниран бран од рускиот ракетен терор врз цивилни цели низ целата земја, се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Во текот на оваа ноќ и утро, руските терористи користеа дронови од различни типови, вклучувајќи ‘шахеди’, крстосувачки, балистички и аеробалистички ракети: ‘циркони’, ‘искандери’, ‘кинжали’. Вкупно околу 120 ракети и 90 дронови“, рече претседателот Зеленски во видео обраќањето на Телеграм.

Тој ја извести украинската и светската јавност дека силите за противвоздушна одбрана уништија повеќе од 140 воздушни цели.

„Целта на непријателот беше нашата енергетска инфраструктура низ цела Украина. За жал, има оштетувања на објекти поради директни удари и паѓање на остатоци. Во Николаев, поради напад со дрон, две лица загинаа, а шестмина се повредени, од кои две деца. Моето сочувство до семејствата и блиските на загинатите“, изјави Зеленски.

Руски воздушни цели соборени од украинската одбрана

Моментално, во Украина има подрачја без струја, но сите неопходни сили се ангажирани за отстранување на последиците и обновување, нагласи украинскиот претседател, кој им се заблагодари на силите на одбраната за нивната бестрашна борба за одбрана на земјата.

„Благодарност до сите наши сили за противвоздушна одбрана кои учествуваа во одбивањето на овој напад: противвоздушните ракетни единици, нашата авијација – пилотите на F-16, Су и МиГ, мобилните огнени групи, РЕБ – сите организирано работеа. Ви благодарам за сигурната заштита!“, рече претседателот на Украина во видео обраќањето.

Зеленски се осврна и на претходните денови на рускиот ракетен терор, откривајќи дека „во текот на неделата агресорот користеше речиси 140 ракети од различни типови, повеќе од 900 наведувани авијациски бомби и над 600 ударни дронови“.

„Денес нашите пилоти на F-16 соборија околу 10 воздушни цели. Во моментов се отстрануваат последиците од комбинираниот напад врз нашата инфраструктура во Ривненската, Лвивската, Днипропетровската, Волинската и Одеската област“, рече претседателот на Украина.

Тој потсети дека рускиот агресор се обидува да ги заплаши Украинците со студ и недостаток од струја. Според него, на светот му е потребно единство, како што рече, „само заедно можеме да го запреме ова зло“.

„Руските терористи повторно се обидуваат да нè заплашат со студ и недостаток на струја, повторувајќи ги своите дејства со надеж за резултати. Целиот свет гледа и знае дека ние се браниме од апсолутното зло, кое не разбира никаков јазик освен јазикот на силата. Нам ни е потребно единство, на светот му е потребно единство. Само заедно можеме да го запреме ова зло“, рече претседателот Зеленски.

Како и претходните, така и во текот на 2024 година, рускиот агресор безмалку секојдневно спроведува ракетен терор врз цивилното население и цивилни инфраструктурни цели. Се ближи црн јубилеј од 1000 денови целосна руска агресија против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.

Подготви: Џ. Д.

Tags: Володимир Зеленскируски ракетен терорУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ