Протестен митинг против руската агресија ќе се одржи денеска во Скопје, со почеток во 12 часот. Митингот ќе започне кај детското игралиште зад Универзалната сала, инаку донација од руската амбасада во Скопје.
Од таму, поворката ќе се упати кон руската амбасада која се наоѓа на ул. Пиринска бр. 44, во близина на Соборниот храм, каде што ќе пристигне во 12:30 часот.
Организатор на протестот е Здружението „Лесја Украинка“. Во повикот од организацијата, настанот е опишан како протест против „руските убијци и мародери“.