• Latest

Протести пред Владата за Алмир Алиу

March 20, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протести пред Владата за Алмир Алиу

March 20, 2018 14:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива „Правда за Алмир – Drejtësi për Alimirin” најавува протести пред Владата на Р.М. утре, 21 март, 2018, со почеток во 13 часот. Граѓаните протестираат поради преквалификација на делото од убиство, во тежок престап со последици по имотот во сообраќајот,  во случајот за малиот Алмир, којшто беше прегазен  во јули 2016, од Бобан Илиќ, и како последица од тоа, почина. Иницијативата повикува на мирен и достоинствен протест пред Владата на Р.М.

„Ова е четвртиот протест што го организира граѓанската иницијатива „Правда за Алмир“ и се очекува да биде најмасовниот, затоа што доаѓа по решението за преквалификацијата на делото и ослободувањето од притвор на сторителот на убиството – Бобан Илиќ.

Свесни за зголемениот гнев на граѓаните од ова непрофесионално, тенденциозно и неправедно решение од страна на правосудните органи, апелираме за мирен и достоинствен собир пред Владата и да ги претставиме нашите барања за правда.

Слоганите, транспарентите и иконографиите што ќе бидат употребени на протестот содржуваат исклучиво повик за корекција на неправдата кон Алмир и барања за конечно функционирање на правдата. Од граѓаните што ќе ни се придружат на протестот бараме да не земаат со себе ништо друго освен една кукла или каква било играчка од нивните деца, како симбол на детската игра што прерано се прекина за малиот Алмир, првично од раката на убиецот, и повторно од раката на правниот систем во земјата. Ќе протестираме мирно, следејќи го примерот на семејството на малиот Алмир, нивната смиреност наспроти болката од загубата на најмилото и повторното убивање на секое судско рочиште, и најкобното – на преквалификацијата. Алмир повторно го усмрти правниот систем заробен од политичките и други структури. Како што протестиравме до сега, како на погреб, така ќе протестираме и во среда. Погребната тишина е појака од илјада крици!

На 21 март, во 13 часот пред Владата на Република Македонија, ќе се протестира мирно против гнилата правда на Македонија. Ќе протестираме за да им ставиме крај на пролетите без правда“, стои во повикот на иницијативата „Правда за Алмир – Drejtësi për Alimirin“.

Дијана Тахири

 

Tags: Алмир АлиувладаобвинителствопреквалификацијаПротестУбиство
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ