• Latest

Пресудата за Ратко Младиќ е патоказ за мирот

November 27, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пресудата за Ратко Младиќ е патоказ за мирот

November 27, 2017 10:58
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за хуманитарно право од Белград објави реакција за пресудата на Хашкиот трибунал со која Ратко Младиќ е осуден со казна доживотен затвор за злосторства против човештвото и геноцид.

Остатоци од лични предмети и облека од масакрираните во Сребреница

Благодарение на работата на оваа организација, српската јавност беше објективно запознаена со неславната улога на Србија во војните во 1990-тите. Српските националисти го обвинуваат Фондот за хуманитарно право како предавничка организација, исто како што хрватските националисти ги нарекуваат Документа или ГОНГ, а македонските ЦИВИЛ и други организации. Ја пренесуваме реакцијата на Фондот за хуманитарно право во целост.

Пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКПЈ) во Хаг на 22 ноември 2017 година е изречена првостепена пресуда за поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, со која е осуден на казна доживотен затвор. Фондот за хуманитарно право смета дека утврдените факти, заклучоците за одговорност и доказите ја заокружуваат судската вистина за геноцидот во Сребреница и други злосторства сторени за време на војната во Босна и Херцеговина. Наодите од пресудата и обемната документација собрана за време на постапката сега претставува драгоцен потенцијал за конечно и одлучно прифаќање на судски утврдените факти како клучен чекор кон помирување и соочување со минатото.

Ратко Младиќ е осуден за учество во четири здружени злосторнички потфати, кои ги опфаќаат најтешките злосторства против цивили и воени заробеници сторени во 15 босанско-херцеговски општини од 1991 до 1995 година, четиригодипен снајперски и артилериски терор над граѓаните на Сараево, земање на припадници на Обединетите нации како заложници во пролетта 1995 година и сребреничкиот геноци, сторен летото истата година.

Жртвите на геновидот во Сребреница

Пресудата е очекувана затоа што е заснована на изобилство докази за сторени масовни убиства, затворање и тешки злоставувања на заробеници во логорите, прогон, депортација и присилно селење, масовни силувања на жени, тероризирање на цивили низ градовите и геноцид, потоа, учество на Ратко Младиќ во нивното планирање и спроведување на дело, а потоа и прикривање на трагите на злосторствата. За злосторствата сторени од 1992 до 1995 година во рамките на кампањата за етничко чистење, теророт над граѓаните на Сараево и геноцидот во Сребреница, веќе се осудени поголемиот број офицери, како и полициски и политички функционери, меѓу кои најзначаен е претседателот на Република Српска, Радован Караџиќ.

Во текот на војната во БиХ, Младиќ, бил командант на Главниот штаб на војската на Република Српска и заедно со претседателот на Република Српска, Радован Караџиќ, бил една од девете клучни особи внатре во раководството на босанските Срби. Освен нив, во спроведувањето на злосторствата, вклучувајќи го и геноцидот, учествувале и други членови на истиото политичко, воено и полициско раководство, со цел да се остварат стратешките цели претставени на собранието на Република Српска од 12 мај 1992 година, со кои се исцртани замислените граници на српскиот дел од Босна и Херцеговина и предвиденото етничко раздвојување од Бошњаците и Хрватите. Злосторствата за кои е осуден, според тоа, ги планирала и спровела политичко-воената структура која имала мнозинска поддршка на српскиот народ во БиХ и надвор од неа, на чие чело биле Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.

Гробовите на Сребреница

Остварувањето на стратешките цели на босанските Срби било политички и воено поддржано од страна на Република Србија и тогашна Сојузна Република Југославија. Таа поддршка е спомената во текот на изрекувањето на пресудата на Младиќ, кога е речено дека обвинетиот „бил во директен контакт со членовите на раководството во Србија и членови на Генерал-штабот на војската на Сојузна Република Југославија како би обезбедил задоволување на потребите на воените потреби на војската на Република Српска“.

Освен тоа, во останатите пресуди, како на пример првостепената пресуда за поранешниот началник на Генерал-штабот на војската на Југославија, Момчило Перишиќ, таа помош е детално потврдена со факти. На тоа судење е разоткриено дека вооружувањето и муницијата во текот на времетрањето на војната во БиХ е непрекинато испорачувана на војската на Ратко Младиќ додека ги вршела злосторствата, дека е пружена логистичка и материјална помош на војската на Република Српска, вклучително и исплаќање плати за Младиќ и најмалку 7000 офицери на војската на Република Српска, меѓу кои се и оние кои спроведувале терор над граѓаните на Сараево и го извршиле геноцидот во Сребреница.

Пресудата на Ратко Младиќ претставува патоказ за општествата во Србија и Босна и Херцеговина за согледување на неодамнешното минато од перспектива која води кон меѓусебна доверба и мир, и исто така го оддалечува регионот од концептот на национални и територијални разграничувања по пат на војни и злосторства. Судски утврдените факти за овој и сите други предмети пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија даваат изобилство од информации за воените случувања и за тоа кои се жртвите и кои се сторителите на злосторствата, што може да води кон помирување во регионот само доколку последната и сите претходни пресуди на Меѓународниот суд бидат внимателно прочитани, прифатени и официјално поддржани во вистинската рамка, културните политики и образовните програми во државите од регионот.

Превод: Маја Ивановска

Tags: војнагеноцидРатко МладиќСребреницаФонд за хуманитарно правоХашки Трибунал
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ