• Latest

Прво издание на ЦИВИЛ Седум

May 18, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Прво издание на ЦИВИЛ Седум

May 18, 2021 19:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Седум е нов редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа, во која, секоја седмица ќе се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ ќе се осврне на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

Oва е ЦИВИЛ Седум. Видео продукција на ЦИВИЛ која ги отсликува неделните активности на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Првото издание на ЦИВИЛ Седум ви прикажува:

  • Седум дена исполнети со многу политички и општествени збиднувања. Премиерот Зоран Заев во посета на Брисел;
  • На РСМ и треба нов изборен законик, една изборна единица е најспоменуваното решение на панел дискусијата на Цивил ;
  • Печат на неделата оставија и дневните настапи на Џабир Дерала „ЦИВИЛ во живо“ ; почитувај ги различностите, народни пари за црна пропаганда, „не во мое име“ се дел од насловите на рубриката „ЦИВИЛ во живо“
  • Во наредните минути ќе ви посочиме и дел од содржините на дел од авторите на ЦИВИЛ Медиа изразени во анализи, колумни, коментари…

ЦИВИЛ Седум е прва од серијалот видео продукции на ЦИВИЛ, седмичен осврт на најзначајните активности во организација на ЦИВИЛ  како и збиднувањата во државата. Потсетувам дека работните недели на ЦИВИЛ секогаш се исполнети со многу настани, занимливости и вести за кои ЦИВИЛ редовно и тековно известува.

Вртоглава агенда на премиерот Заев во Брисел каде се сретна со високи функционери како што се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот Вархеји, Чешкиот министер за одбрана Метнар и амбасадорот Зеф Мази каде што премиерот Заев уште нагласи дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел.

Премиерот својата  посета на Брисел ја заврши со средба со шефот на ЕУ дипломатијата, Жосеп Борел, каде двајцата изразија надеж дека Северна Македонија ќе ги отвори формално преговорите со ЕУ што е можно поскоро

ЦИВИЛ  одржа панел дискусија на тема  „Какви закони, такви избори“ . Учествуваа проф. Рената Дескоска, Радица Лазареска Героска од министерството за правда, , Дарко Алексов од МОСТ, , претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

На панелот, учесниците произлегоа со заедничка препорака дека сепак, нов Изборен законик мора да има.

Колегата  Џабир Дерала во својата редовна пладневна рубрика „ЦИВИЛ во живо“,  меѓудругото се осврна  и за тоа дека е време за организиран одговор против црната пропаганда и дезинформациите.

Бројни автори, аналитичари, колумнисти, проследувачи на јавниот живот на РСМ се постојано присутни на страниците на ЦИВИЛ Медиа. Во ова издание на ЦИВИЛ Седум за вас издвојуваме и ви посочуваме:

Велин Стојановски упатува на „Генерален ремонт на Изборниот законик“ , како што му е и насловена својата колумна бидејќи сите измени до сега не се доволни за подобрување на постојниот изборен законик.

„Десант за уривање на Зоран Заев“ е наслов на текстот на Џабир Дерала во кој зборува за одредени случувања и  индикации од кои може да се извлече дури и заклучок дека  станува збор дури и за некои разузнавачки операции за уривање на Зоран Заев.

Сефер Селими својата  колумната  ја наслови: „30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?“. Во неа се осврнува на развојните процеси и на  борбата помеѓу прогресивните вредности и регресивните сили.

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ