Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), денеска ќе го разгледа извештајот за парламентарните избори во Македонија, кои беа набљудувани од негова делегација.
На дневен ред, покрај извештајот за спроведените избори, се и дебати за нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа, предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството, како и потребата да се стави крај на сајбердискриминацијата и говорот на омраза на Интернет.
Пленарната зимската сесија на ПССЕ ќе трае од 23 до 27 јануари. Меѓу барањата за итни дебати на пленарната сесија се најдоа „Функционирањето на демократските институции во Турција” и „Кога великодушност, алтруизмот, хуманоста и западните демократски слободи се соочуваат со радикална нетолеранција и насилство: итен повик за реформа на неефикасните европски политики за миграција, интеграција, безбедност и контрола на границата “. Како актуелна дебата е предложена расправата за „Ситуацијата во Сирија и нејзиното влијание врз соседните земји”.