• Latest

Петре, пушти ветре!

December 15, 2017

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Петре, пушти ветре!

December 15, 2017 09:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје го достигна високото прво место во загаденост во светот, а Петре во своја одбрана изјави дека протестите против загадувањето, бојкотирањето настава на децата се политички мотивирани…

пишува: Маја Ивановска

Ок. Ајде да почнеме од почеток.

Петре, јас сум ДПМНЕ колку што пријавувањето палење оган на отворено на 193 е мерка! Тоа се вика вршење на вашата работа од страна на граѓаните на Скопје. Ајде веќе еднаш научете се да ги нарекувате нештата со вистинското име.

Од ова кратко време што го поминавте како татко на овој наш уништен град досега видовме само забрана за моторни возила на Водно во текот на викендите (супер, но дајте овозможете да ја почитуваат сите), некакви најави за поскапување на паркинг во Центар (не сум сигурна до каде е ова, исто како што не сум сигурна дека има некаква поента), некаква „забрана“ за топење на медицински отпад во Дрисла во моменти на висока загаденост (?!) и тоа е сè!

Значи, отприлика ви недостасува популарната (и веројатно единствената) „мерка“  на вашиот претходник Трајановски, да излезете со апел да не се излегува на отворено доколку не е потребно и тамам сме! Ах, не… Можеби подобро ќе биде и да побарате да не дишеме доколку навистина немаме потреба од тоа!

Види Петре, никој, па дури ни оние со IQ еднакво на собна температура, не очекува дека Скопје со магично стапче ќе се претвори во најчистиот град во светот. Ама баш никој! И сигурна сум дека никој од граѓаните на овој град не очекуваше дека повторно ќе добие „воспитна“ од својот градоначалник само затоа што нему му се сонило дека зад овој бунт стои некаква партија, а не разумот и свеста на своите гласачи.

Но еве, да претпоставиме, дека си во право, нели се договоривме дека оваа власт ќе им служи на сите граѓани? Нели рековте дека ова е живот за сите?

Престанете со тоа кој прв почна (ММЕ), и дајте засукајте ги ракавите. Решенијата ви се на дофат. Дел од нив се краткорочни и навистина треба да ги слушнете, затоа што гледам дека немате идеја како да се справите со напливот на оправдана хистерија кај вашите сограѓани. Наместо напади понудете акција. Распуштете ги децата. Дајте бесплатен јавен превоз, или барем поевтин, без оние картички кои се прилично недостапни за оние кои не користат јавен превоз редовно. Забранете влез за тешки товарни возила чија крајна цел не е Скопје, ви оставија какви-такви обиколници во наследство. Строги контроли и вистинска (а не фиктивна) забрана за индустиските капацитети во градот. Еве за почеток, прочитајте ја петицијата која кружи на социјалните мрежи, и наместо да ја потпишете, реализирајте ја. И секако, на крај, не заборавајте на сите предизборни ветувања кои им ги понудивте на вашите сограѓани. Или барем бидете сигурни дека ние нема да ги заборавиме, бидејќи нашата меморија не е толку краткотрајна колку што се надевате дека е, а најмалку е политички мотивирана.

И Петре, те молам, наместо сликање на протест (против самите себеси), искористете го времето, соберете ги сите можни работни групи, комисии, совети и што ли уште не и фатете се за работа!

П.С. Насловот на оваа колумна е работна верзија, зборот во средина може да го замените со некој по ваш избор…

 

Tags: загадувањемеркипетицијаПетре ШилеговПротестСКОПЈЕ
Share121TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ