• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Путин доживеа нов голем пораз, овој пат во Молдавија, откако про – ЕУ кандидатката Маја Санду победи на изборите

November 4, 2024

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Путин доживеа нов голем пораз, овој пат во Молдавија, откако про – ЕУ кандидатката Маја Санду победи на изборите

November 4, 2024 13:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Рускиот претседател Владимир Путин има навистина лош период последниве недели. Кликата собрана околу диктаторот од Кремљ повторно доживеаја неуспех. Овој пат тоа е Молдавија, каде Русија, која наводно, пред две недели беуспешно потрошила 15 милиони долари за да ги поткупи молдавските гласачи да не гласаат за придвижување на змјата кон членство во Европската унија, сега не успеа да ги убеди да гласаат за нивниот кандидат на вториот круг од претседателските избори.

Неуспешниот план за поткуп го извршил молдавско-израелски индустриски магнат Илан Шор, кој од молдавските власти е обвинет за перење пари и оркестрирање на субверзивна мрежа, и покрај тоа што неговата политичка партија е забранета во Молдавија.

Сепак, шемата на Путин со руски рубљи за гласови во Кишињев не успеа. Официјалните резултати на молдавската влада укажаа на победа од 50,46 наспроти 49,54 отсто за промена на уставот за приближување кон Европската Унија пред две недели, и ососбено откако актуелната молдавска претседателка Маја Санду на вчерашните избори успеа да го освои вториот претседателски мандат.

Во тесното и неизвесно гласање во вториот круг од изборите, откако Александр Стојаногло, кој беше поддржан од проруската Партија на социјалистите и вети поблиски односи со Москва, рано го презеде водството, по преброените над 90 отсто од гласовите Санду го презеде водството кое го задржа до крајот на пребројувањето, истото постојано раснеше, за на крајот, според ажурираните податоци на  Централната изборна комисија, по преброени 99,86 отсто од гласовите, Санду да победи со 55,41 % од пребројаните гласови наспроти 44,59 отсто на противкандидатот поддржан од Русија.

За време на гласањето, советникот за национална безбедност на претседателката рече дека имало „масовно мешање“ од Русија во изборниот процес во Молдавија што имало „висок потенцијал да го наруши исходот“, кое Санду го нарече „руска специјална операција“.

Валидноста на тврдењето на Санду уште за гласањето на реферебдумот одржан заедно со првиот кугпретседателски избори ја потврди портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

„Ова гласање се одржа под невидено мешање и заплашување од страна на Русија и нејзините полномошници, со цел да се дестабилизираат демократските процеси во Република Молдавија“, рече тој.

Русија го негираше обвинението, барајќи докази за поддршка на нејзините тврдења. Тие докази беа презентирани набргу потоа, кога репортер на Би-Би-Си интервјуираше жена на избирачко место за жителите на отцепениот регион Приднестровје, која рече дека и биле понудени 1.000 рубли за да гласа против референдумот и Санду.

Претседателката Маја Санду и самите Молдавци успеаја да ја оттргнат земјата од рускиот свет на Путин, барем што се однесува на овие избори, и сега имат отворен пат кон преговори за членство во ЕУ, со што же ја потврдат заложбата на прогресивните сили во земјата конечно да стават крај на деструктивното руско влијание и понатаму да се развива како модерна европска демократија.

Сепак, на Путин засега му останува Грузија, на чии парламентарни избори одржани на 26 октомври победи про-руската владејачка партија Грузиски сон на грузиски олигарх Бидзина Иванишвили, поранешен премиер на Грузија и основач на партија, кој ефективно ја контролира грузиската економија со неговото богатство направено додека живеел во Москва.

Но, и тука не оди се така мазно. Грузиската про=западна опозиција и претседателката Саломе Зурабишвили  одбија да ги признаат резултатите, обвинувајќи за руско мешање и изборен фалсификат и повикаа на протести, а грузиското обвинителство отвори истрага за наводното фалсификување на парламентарните избори. Ентузијазмот е очигледен на улиците на Тбилиси, каде беа забележани десетици илјади про-ЕУ демонстранти.

Набљудувачите на изборите пријавија низа прекршувања низ целата земја, од полнење на гласачки ливчиња во избирачките места до заплашување на гласачите надвор. Во пресрет на гласањето, грузиска мониторинг група ја истакна руската кампања за дезинформации насочена кон изборите.

Очигледно е дека Путин нема да се помири со губењето на руските сфери на влијание, особено од оние за кој сметаше дека му се „во сопствениот двор“, и токму затоа оваа загуба му паша особено тешко. Она што е сигурно е дека нема ткаѓе од овие територии, и се очекува руските пропагандисти уште по жестоко да ги спроведуваат своите операции на дезинформации и пропаганда од хибридната војна насочени кон демократските институции во овие две поранешни советски републики.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Избори Грузијаизбори Молдавијаруско мешање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ