• Latest

Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА: Може да се очекува настап на победнички европски фронт на претстојните избори

January 19, 2024
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА: Може да се очекува настап на победнички европски фронт на претстојните избори

January 19, 2024 13:11
in АНАЛИЗИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на најновите збиднувања на политичката сцена во Северна Македонија и претстојните настани и посети на високи државни претставници на меѓународната заедница, разговаравме со претседателот на Евроатлантскиот Совет, Исмет Рамадани.

На прашањето за коментар за средбата Ковачевски – Заев – Ахмети, Рамадани во ексклузивната изјава за ЦИВИЛ МЕДИА рече дека се работи за очигледна потврда за добрите односи меѓу нив. Воедно, реномираниот политички аналитичар смета дека ова е сигнал и дека партиите на власт дефинитивно ќе го објават европскиот фронт.

„Средбата ја потврдува определбата на партиите на власт дефинитивно да го објават формирањето на европскиот фронт, кој секако може да се прошири и со други политички партии“, изјави Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА.

Тој нагласи дека тоа е добро за нашата земја, бидејќи на тој начин се гледа решеноста на лидерите да го одржат курсот на евроатлантските интеграции.

„Тоа е добро за Северна Македонија, бидејќи на тој начин покажуваат дека работат на тоа да продолжат со политичкиот дискурс на евроатлантските интеграции“, изјави Рамадани.

Нашиот соговорник верува дека евроатлантската ориентација на политичките фактори во земјата и нивната соработка во овој контекст, може да води кон очекувањата тоа да биде победнички фронт на претстојните избори.

„Мислам дека средбата оди во прилог на евроатлантските интеграции. Може да се очекува дека ова е победнички фронт на претстојните избори“, изјави Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА.

Воедно, Рамадани смета дека оваа средба ги побива шпекулациите дека постои раздор во СДСМ, како и во односите меѓу коалициските партнери, СДСМ и ДУИ.

„Оваа средба ги побива сите шпекулации дека има раздор во редовите на СДСМ и во коалицијата на власт. Во исто време, се демантираат и гласините дека меѓу тројцата учесници на средбата има пореметени односи. Напротив, средбата покажува дека тие имаат добри односи, што несомнено ќе води кон позитивни резултати“, изјави Рамадани во телефонското интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

Рамадани за мултиетничко општество и судирот на идеологииРазговорот со првиот човек на Евроатлантскиот Совет, го преселивме на непосредното опкружување на земјата, и побаравме коментар за средбата на партиските секретари на СДСМ, Миле Зечевиќ и Бојан Маричиќ, со секретарите на косовско Самоопределување, Алим Рама и Хајрула Чеку. Рамадани се осврна на фактот дека се работи за средба на високи претставници на политички партии кои му припаѓаат на истиот лев блок на европските политички партии.

„Можеби е изненадување за јавноста, но поаѓајќи од фактот дека и двете партии припаѓаат на истиот лев блок во европските политички партии, кои се раководат од исти или слични политички концепти, тоа е значајна и корисна средба“, оцени Рамадани.

Според него, добро е што се сретнале на ниво на секретари, за да се разговара за важни прашања, особено ако постои согледување дека е претерано мешањето на партијата на Албин Курти на политичката сцена во Северна Македонија.

„Мислам дека е мошне добро што се одржа таа средба на ниво на секретари на владејачките партии во двете земји. Добро е да се разговара за важни прашања, особено ако постои согледување дека е претерано мешањето на партијата на Албин Курти на политичката сцена во Северна Македонија. Без да навлегувам во содржината на разговорот на таа средба, треба да се има предвид дека секогаш е добро кога се разговара и се води дијалог. Кога постои дијалог, дури и меѓу политички лидери кои се спротивставени, секогаш може да се очекува позитивен резултат“, нагласи Рамадани во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА.

Што се однесува до претстојниот самит на лидерите на Западен Балкан во Скопје, политичкиот аналитичар, Исмет Рамадани, вели дека се работи за исклучително значаен настан за нашата земја.

„Овој самит е многу значаен за нашата земја, пред сè, затоа што на Северна Македонија ѝ се оддава значајно признание како важна и сериозна држава во доменот на евроамериканските односи“, оцени Рамадани.

Според него, ова е настан со кој не им се остава простор на силите кои се обидуваат да го попречат евроатлантскиот курс на Северна Македонија.

„Овaа порака со која не им се остава простор на силите кои се обидуваат да го свртат курсот на надворешната политика на нашата земја. Тоа е и порака до сите останати политички партии и руско-српските и руско-бугарските структури кај нас“, изјави, меѓу другото, Рамадани во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА.

Според него, самитот ќе го ограничи и просторот за попречување на општествено политичките процеси на внатрешен план, во прв ред, во меѓуетничките односи. Воедно, тоа претставува и охрабрување на земјата за да го одржи евроатлантскиот курс на земјата.

„Се работи за своевиден буст, односно зајакнување и охрабрување на земјата за да го одржи евроатлантскиот курс на земјата. Пораката од евентуалните посебни средби, како со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејм О’Брајан, ќе биде уште појасна до граѓаните во земјата за тоа што и како треба да се однесуваат кога бираат наредна вллада. Тоа е порака и за тоа дека сè што е надвор од евроатлантска опција би била круцијална грешка. Односно, секој дискурс кој води кон руско-кинеска опција претставува закана за демократијата и е против геополитичките интереси на ЕУ, САД и НАТО“, изјави Рамадани во телефонското интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

Тој изрази надеж дека се работи за доволно јасни пораки за сите граѓанки и граѓани на нашата земја.

„Се надевам дека граѓаните ќе ги разберат овие пораки. Не се работи за неразбирлива и тешка дипломатска порака. На сите ќе им биде јасно за што се работи“, заклучи Рамадани.

Самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан се одржуваат во Скопје, на 20 и 21 јануари. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Џабир Дерала


ЦИВИЛ МЕДИА неодамна направи и мега интервју со претседателот на Евроатлантскиот Совет, Исмет Рамадани. Текст и видео:

Исмет Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА: Го препливавме морето, а сакаме да се удавиме во реката

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ