Откако започна војната, пред три години, ова е првата година од почетокот кога се менува целото опкружување на политичкиот свет, и Европа и светот, не врз основа на оваа војна, туку фокусирана на оваа војна. Работите што се случија во Белата куќа и Вашингтон, резултатот на подолгиот развој во Европа, што ја покажува целата ситуација на Украина , со која се соочува од осамостојувањето, се бореше за демократија, борба за човекови права, борба за да има свои права да се биде нација и да се собори империјалистичкото размислување, рече д-р Волфганг Ресман, претседател, Дијалог за медиуми на отворањето на конференцијата за медиуми на Y4M, Германија, во отворањето на конференцијата „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
Во моментов сме во ситуација да погледнеме наназад, и сакам да внесам малку оптимизам во оваа навистина тешка ситуација. Пред три години, сите мислеа- два или три дена, и Украина беше прегазена од руски трупи, и тогаш добивме нова „железна завеса“ долж границата на НАТО.
Но, нашата доверба и – ја знам Украина од 2015 година, со проект за отпорот на украинскиот народ, на Украина против рускиот империјализам. И тоа не е само во Украина, тоа е и во Грузија, тоа е во Молдавија…
Она што се случува со владата на Трамп, а не со САД, со владата на Трамп, со администрацијата на Трамп, во моментов е апсолутно неприфатливо, но, мислам дека е шанса за Европа…
Ова е момент Европа да ја има можноста, и да се изразиме навистина на овој начин, да се обедини и да стане новиот дом на демократијата и човековите права во светот. Значи, нашата поддршка за Украина, воена, финансиска, политичка е апсолутно неопходна и мислам дека е непрекината. Ние сме четиристотини милиони луѓе во Европа и имаме голема економска моќ, така што сега е наш тест, да ја исфрлиме Русија од Украина и да изградиме навистина нов систем на мир и безбедност во Европа.
Д. Т.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Б. Т. /ЦИВИЛ