ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение во кое ги осудува изјавите на Талат Џафери и намерите на парламентарното мнозинство за одлуката сами да изгласаат промена на името.
„Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието. ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротистави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение“, стои во соопштението.
Од паријата велат дека нема да прифатат предлози што би го загрозиле македонскиот народ, национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик и култура.
„ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски. Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој“, се вели во соопштението.