Општинската изборна комисија во Босилово информираше дека сите 19 избирачки места се навреме отворени во 7 часот изутринава.
Од ОИК известуваат дека е рано да се зборува за излезноста. На референдумското гласачко ливче граѓанките и граѓаните ќе се изјаснуваат за две прашања, дали сте за „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато Иловица и дали сте „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда.
На изборниот список запишани се 12.301 гласач на Општина Босилово, а за успешност на референдумот потребни се 6.151 глас.
ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска е на терен со два миниторинг тима и ќе ја известуваат јавноста за текот на референдумскиот ден.