• Latest

Ќерими: Слободата на изразување е основно право на секој човек!

June 4, 2016

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ќерими: Слободата на изразување е основно право на секој човек!

June 4, 2016 14:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе зборувам за слободата на изразување. Јас сум млада новинарка која штотуку ја започнува својата кариера во една нова телевизија, и чест ми е дека сум слободна на оваа телевизија да го напишам она што го мислам и сакам да го истражувам“, рече новинарката Арбана Ќерими на мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“.

„Пред една година бев токму во ЦИВИЛ, и таму ги научив првите чекори во новинарството. Оваа ноќ на себе го носам беџот “Freedom” (Слобода), кој го направи другарот и колега Џабир Дерала, тоа беше за ‘Шарли Ебдо’, а, за жал, ситуацијата е веројатно уште полоша, тука во Македонија, во однос на слободата на изразување.

Слободата на изразување е основно право на секој човек. Кога се зборува за слободата на изразување, тоа не значи само за медиумите, значи, дека имаме потреба од слобода и тешко ни е да се изразиме, во автобус, во нашите домови… Затоа, секој од нас поединечно, мора да се бори и да се изрази на кој било начин – на Фејсбук, пред медиумите …

Денес имав задача да направам една тема. И, направив анкета во центарот на градот и видов колку им е на граѓаните тешко да зборуваат за своите проблеми и да го изразат своето мислење. Обично, нивниот одговор е дека тие не се компетентни. А јас мислам дека секој граѓанин е компетентен и треба да има свој став“.


 

На мултимедијалниот настан посветен на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, на граѓанското новинарство и на активизмот „За слобода на изразувањето“, што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода се одржа на 1 јуни, во центарот на Скопје, на присутните им се обратија шестмина новинари, граѓански новинари и активисти.
Томислав Кежаровски на македонски јазик, Арбана Ќерими на албански, Синиша Станковиќ на српски,  Хадис Сулејман на турски, Дехран Муратов на ромски и Ермин Климента на босански јазик, односно секој на својот мајчин јазик, отсликувајќи ја така Македонија како земја на различни етнички заедници, сите заедно проговорија за медиумскиот простор во земјава, за човековото право на слободно изразување, за потребата да се искаже јавно својот став, за недостатокот на објективно известување и за извртената реалност која секојдневно се пласира во медиумскиот простор.
Мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“ е во рамките на проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.

 

Tags: Арбана Ќеримиграѓански новинариМедиумиполитичка кризаслобода на изразувањетоЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ