• Latest

Ристоска: УБК прави преседан со неспроведување на судска наредба!

October 20, 2016

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ристоска: УБК прави преседан со неспроведување на судска наредба!

October 20, 2016 16:10
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Тоа што треба да се убедуваме со Управата за безбедност и контраразузнавање дали треба да се спроведе судска наредба е преседан. Се прашувам каква порака испраќаат до граѓаните луѓето од УБК, кога државна институција не почитува судска наредба и бара изговори зошто судската наредба не може да се спроведе “, изјави јавната обвинителка Ленче Ристоска на денешната прес-конференција, осврнувајќи за на настаните кои се случија во текот на вчерашниот ден, откако континуирано СЈО е блокирано во просториите на УБК.

Пред да одговори на новинарските прашања, Ристоска се обиде да ги пренесе проблемите и опструкциите со кои се соочуваа СЈО овие два дена. Јавната обвинителка потсети дека доказите се бараат од УБК од 8-ми март 2016 година, но и покрај законската обврската УБК позитивно да одговори на ова барање, тоа не се случило. Поради тоа, од СЈО побарале судска наредба.

_DSC0252

„Двете лица кои работат во техничкиот дел во УБК, во моментот не се во државата. Во УБК не известија дека тие се единствените двајца кои можат да влезат во системот за следење на телекомуникациите. Од УБК нé известија дека денеска ќе ги вратат во државата и очекуваме тоа да се случи, по што се надеваме дека што ќе се пристапи кон извршување на наредбата“, информираше Ристоска, која изрази загриженост за тоа како двете единствени лица кои можат да пристапат до потребните материјали, се отсутни од државата и што би се случило во вонредна ситуација.

„Податоците кои ги бараме во УБК  се од круцијално значење за да се утврди кои телефонски броеви биле следени. Специјалната Јавна обвинителка со тим од  СЈО во моментот е таму и ќе останат се додека не добиеме пристап до системот. Ова е нов систем, од март 2015 година, кој мора да се провери за да се види дали се настанати злоупотреби и на овој систем, откако стариот систем е уништен“, посочи Ристоска.

 

Одговарајќи на новинарски прашања Ристоска демантираше дека СЈО се интересира за активните посебни истражни мерки и дека бараат нивен прекин. Исто така, Ристоска посочи дека обвинувањето дека на овој начин се загрозува безбедносниот систем, се неосновани, затоа што СЈО со доверливите податоци работи внимателно и дека во Обвинителството се свесни за сензитивноста и одговорноста на институциите. Обвинителката одговори дека не ги контролираат влезовите на УБК, како превенција од незаконско изнесување на  доказите, дека уништувањето на службените информации е кривично дело, но и дека се надеваат оти до такво нешто нема да дојде.

Марија Теговска

Tags: МакедонијаСЈОУБКЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ