• Latest

РКЕ ги носи правилата за снабдување со електрична енергија

August 29, 2018
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

РКЕ ги носи правилата за снабдување со електрична енергија

August 29, 2018 14:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до 5 септември треба да ги донесе правилата за снабдување со електрична енергија што ќе важат од 1 јануари идната година, односно по целосната либерализација на пазарот.

– Во правилата за снабдување со електрична енергија на јасен и недвосмислен начин ќе им дадеме обврска на снабдувачите кога ќе потпишуваат договори со потрошувачите, и на слободниот и на регулираниот пазар, да немаат делови од договорите кои ќе бидат напишани со ситни букви и кои нема да бидат јасни за потрошувачите со цел тие да знаат кои се нивните права и обврски. Со правилата дури пропишуваме што треба да содржи договорот за снабдување со електрична енергија склучен помеѓу снабдувачот и потрошувачот, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница на Комисијата.

Тој посочи дека согласно обврските од новиот Закон за енергетика РКЕ со правилата за снабдување во најголем дел е сконцентрирана на правата на потрошувачите и зајакнувањето на обврските на операторите на мрежата и на снабдувачите со електрична енергија кон потрошувачите.

– Имаме посебен член што се однесува на нечесни одредби во договорите со цел да ги заштитиме правата на потрошувачите. Покрај тоа, имаме одредби со кои се забранува да им се исклучи електричната енергија во зимскиот период на ранливите категории на потрошувачи, како и потрошувачите во одалечените реони да имаат исти права со останатите потрошувачи. Предвидуваме снабдувачите со електрична енергија  да им понудат повеќе начини за плаќање на сметките на потрошувачите, односно и електронско плаќање, и да имаат повеќе наплатни пунктови, рече Бислимовски.

Тој додаде дека на снабдувачите им се остава слобода да обезбедат повеќе бенефиции за потрошувачите во делот на плаќањето.

– Секое домаќинство и секој потрошувач, а особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слободниот и да се вратат од слободниот на регулираниот пазар на електрична енергија. Рокот е 21 ден, а дали ќе има казнени пенали за тоа, ќе зависи од договорите што ќе ги потпишат со снабдувачите. Досегашната пракса покажува дека нема казнени пенали за домаќинствата, туку се оставаат слободно да одат од регулиран  на нерегулиран пазар на електрична енергија. Очекувам на почетокот да има домаќинства кои тоа ќе го прават постојано, но понатаму верувам дека ќе се стабилизира пазарот со електрична енергија како што беше и при либерализацијата на пазарот на мобилната телефонија, рече Бислимовски.

Во Македонија во моментов има околу 600.000 домаќинства кои се потенцијални  клиенти на слободниот пазар на електрична енергија. Тие до крајот на ноември или почетокот на декември ќе треба да склучат договори со снабдувачите доколку сакаат да излезат на слободниот пазар на електрична енергија. Доколку останат на регулираниот пазар нема да имаат потреба од склучување на договори, бидејќи по автоматизам ќе ги преземе Универзалниот снабдувач со електрична енергија. РКЕ досега има издадено 23 лиценци за дејноста снабдување со електрична енергија, но во моментов има само осум активни снабдувачи што е најмногу во регионот.

– Верувам дека снабдувачите ќе бидат  доволно инвентивни да дадат соодветни понуди со цел да ги привлечат  домаќинствата да отидат на слободниот пазар, имајќи во предвид  дека цената на регулираниот пазар во овој момент е пониска отколку што би била цената на слободниот пазар на електрична енергија за домаќинствата. Со подзаконската регулатива што ја носиме се обидуваме да испратиме сигнал до снабдувачите со електрична  енергија да подготвуваат соодветни понуди за домаќинствата за да ги натераат да излезат на слободниот пазар, рече Бислимовски и додаде дека очекува во првата година на слободниот пазар да излезат од 500 до 1.000 домаќинства.

Забелешки за правилникот, истакна, досега стигнале од ЕВН Македонија АД Скопје како сегашен снабдувач со електрична енергија на тарифни потрошувачи, ЕВН електродистрибуција како дистрибутер на електрична енергија, Операторот на пазарот на електрична енергија, како и од снабдувачите со електрична енергија на слободниот пазар – ЕВН снабдување, ГЕНИ и Енерџи актив.

Најави дека ќе биде прифатена забелешката за договорите за дистрибуција на електрична енергија, бидејќи, како што кажа, ќе има општи правила за користење на дистрибутивната мрежа и нема да треба ЕВН електродистрибуција да потпишува посебен договор со секој потрошувач. (МИА)

Tags: ГЕНИДоговорЕВНелектрична енергијаЕнерџи активМарко БислимовскиобврскаРКЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ