• Latest

Ромските политичари не најавуваат со кого ќе коалицираат, но ветуваат „мед и млеко“!

November 2, 2016

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ромските политичари не најавуваат со кого ќе коалицираат, но ветуваат „мед и млеко“!

November 2, 2016 15:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Наместо празник на демократијата, на 11-ти декември 2016, кај нас, како и на минатите избори, ќе биде – ‘да се биде или не’. Политичарите повторно го мобилизираат своето членство и симпатизери и тргнаа по лов на секој ‘неопределен’. И повторно, ќе ветуваат ‘мед и млеко’. Ќе остваруваат средби со обичните граѓани, на пазарите и на улица, емисари по маалата…“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Рамуш Муарем – Цирко, уредник на веб-порталот romatimes.news

„Политичарите, со насмеани лица пред камерите ќе фрлаат лопати, ќе сечат ленти, ќе покажуваат блискост и разбирање со ‘најзагрозениот’, ќе пијат чај, сок, вода, кафе, по валканите сокаци и домови, заедно, и претедентот за пратеник и ‘гладниот стомак’. Колку ли само убаво звучи, егзотично ветувачки, одговорно, сериозно од нивна страна… Затоа, како за Ромите, така и за останатите, нека видат, разгледаат, премерат и одлучат и нека си тргнат од максимата: ‘Покажи ми искрен политичар, јас ќе ти покажам невина проститутка! Верувам само во она што гледам!’“, додава Муарем.

12107184_1101148866583099_8297168060140954355_n
Рамуш Муарем, уредник на Рома Тајмс

„Во овој момент, пред изборната еуфорија, ромските политички партии се активираа и отвараат партиски штабови, прават планови, стратегии… Специфично е дека овие избори се разликуваат од претходните, бидејќи сега има и ромски политички партии кои сакаат или ги подржуваат СДСМ, за разлика од претходните избори, кога поголемиот број на ромски партии ги подржуваа ВМРО–ДПМНЕ“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Сали Мемед, уредникот на порталот на ромски јазик, 24Вакти.

13938382_1253651884679818_4096185289993657424_n
Сали Мемед, уредник на 24Вакти

„Актуелните прашања, односно дилемата на ромските политички партии се изборните листи на поголемите политички партии и трката на која листа и дали воопшто ќе бидат ставени. Интересно е што сега сите се фокусирани на коалиции со поголемите партии од власта и опозицијата. Никој не планира самостојно да настапи на избори! Мислам дека поголемите партии добро ја играат улогата, со тоа што на сите им ветуваат места на листите до последен момент, сѐ уште не се знае кој ќе биде среќникот што ќе влезе во листа со нив“, истакна Мемед.

Муарем додава дека треба „свежа инфузија“ во ромскиот политички блок, со млади и образовани Роми, но дека начелата на охридскиот Рамковен договор ненамерно ги „овластија“ ромските политички партии – да раководат со капацитетите и да бидат најголемиот „работодавач“ на младите, перспективни Роми.

„Младите Роми се ограничени во нивните политички активности и дејствувања поради партиската незаинтересираност за обновување и одржување на политичкиот капацитет. Ромските политички партии ги контролираат амбициите на младите Роми кои треба да ја превземат улогата на лидери во Република Македонија. Партиите вработуваат млади Роми кои мораат да бидат послушни на одлуките на лидерот на партијата што ги вработила. Поради стравот од 29,9% невработеност во државата, младите Роми ја прифаќаат понудата на партиите да бидат вработени како државни службеници, а за возврат, тие учествуваат во предизборните кампањи на партиите“, потенцира Муарем.

Тој истакна дека креативноста и инвентивноста на ромските партии ја утврдува лидерот, коалицискиот партнер од мнозинските партии го утврдува лидерот на ромските партии, а коалиционите интереси и приоритетите ги утврдува лидерот на мнозинската партија.

romski partii
Амди Бајрам и Неждет Мустафа

„’Стравот лозје чува’ е мотивот со кој досега не се реализира идејата – Македонија една изборна еднициа. И замислете ситуација: СРМ на Амди Бајрам, ДСР на Шабан Салиу, ПЦЕР на Самка Ибраимовски, ОПЕР на Неждет Мустафа, РОМ на Ерџан Селими, ПИР на Берат Бајрам, ДПР на Миљазим Сакиповски…, вклучувајќи ги тука и независните и другите – сите во еден амбар! Од вкупниот број на Роми во Република Македонија, нека се 50 отсто со право на глас, а тоа е речиси 28 до 30 илјади гласачи – Роми.  Статистички, со 6-7 илјади гласа се добива едно пратеничко место. И, ете, проста калкулација, ромскиот блок – со 4 до 5 пратенички места за Ромите во парламентот. Ако ја сметаме и ромската дијаспора во Европа, тогаш плус едно пратеничко место“, поентира Муарем. Тој додава дека покрај пратеничките места, има шанси и за министерски, заменички, директорски и слични позиции за Ромите.

„На локално ниво, уште повеќе. Но, сето тоа, без суети и егоизам. На сите важни места да се инволвира и интелектуалниот и образовен ромски капацитет, како и оние прекалени и искусни момци, кои се сега во ромскиот НВО сектор… Сега е доцна, ама за евентуален следен ’11 декември’, зошто да не се направи план?“, вели Муарем.

За разлика од оптимизмот на Муарем, новинарот Мемед е песимист и смета дека е невозможно да се формира широка, ромска политичка коалиција. Но, вели дека доколку во иднина изборниот модел биде – една изборна единица, тогаш ромскиот глас ќе вреди многу повеќе и ќе има повеќе ромски претставници во државните институции.

„Ромските партии повеќе сакаат да коалицираат со поголемите партии, отколку меѓусебно, или, самостојно да идат на избори. Најверојатно тоа е поради менталитетот на Ромите, па за жал, сé уште лесно се купува нивниот глас“, потенцира Мемед.

Дехран Муратов

Tags: избориРамуш Муаремромски политички партииСали Мемед
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ